Судир на камион и патничко комбе на автопат во Мексико, загинаа најмалку 13 лица

May 15, 2023
1 min read

Фотографиите што ги споделија локалните власти покажуваат целосно изгорено патничко комбе и оштетен камион

Вчера во Мексико најмалку 13 лица загинаа кога патничко комбе и камион се судрија на автопат, соопштија локалните власти. Возилата се судриле на патот меѓу градовите Сарагоса и Хидалго во пограничната држава Тамаулипас, пишува Франс прес.

Фотографиите што ги споделија локалните власти покажуваат целосно изгорено патничко комбе и оштетен камион. Бројот на жртви може да се зголеми, соопшти државното обвинителство, бидејќи има индиции дека загинал и возачот на камионот и дека во моментот на несреќата со него било и неговото семејство.

Локалните медиуми јавуваат дека во инцидентот животот го загубиле 20 лица. Според медиумите, во комбето биле членови на едно семејство кое го изнајмило за да стигне до градот Монтереј во Веракруз. Во последниве години, во Мексико има повеќе сообраќајни несреќи. Најчести причини се преголемата брзина при возење, лошите услови или заморот на возачот.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мурињо е горд на „фантастичната“ сезона со Рома

Следно

(ФОТО) Поплави во југозападна Хрватска, евакуирано население, прекини во струјата

Latest from Blog

Претседателот на Туркије, Ердоган, се сретна со црногорскиот претседател Милатовиќ

АНТАЛИЈА (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, се сретна со црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, известува Анадолу. Претседателот Ердоган во Анталија се сретна со црногорскиот претседател Милатовиќ, кој пристигна во Анталија

Христов: Фудбалската академија најверојатно ќе биде затворена

Поради сите случувања низ годините, а и самата неефективност на нејзиното постоење, Фудбалската академија на ФФМ најверојатно ќе биде затворена. Ова го потенцираше и на денешниот брифинг со новинарите, техничкиот директор на

Кремљ го потврди доаѓањето на американскиот претседателски претставник во Русија

МОСКВА (АА) – Претставникот на американскиот претседател Стив Виткоф пристигна во Русија на разговори, потврди денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, јавува Анадолу. Говорејќи на прес-конференцијата во Москва, Песков ниту потврди, ниту

Вандализирана новата детска градинка во Бутел 1, веќе има осомничени лица

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски на социјалните мрежи објави фотографии од вандализирање на новата детска градинка во Бутел 1. „МВР веќе има лоцирано осоминчени и очекувам брза реакција. Направена е голема штета

Владата ја редефинира потрошувачката кошница – Ќе се пресметува за тричлено семејство

Одморот во странство, алкохолот и цигарите ќе се сметаат за луксуз и нема да бидат дел од новата владина потрошувачка кошница. Како што најави заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, новата
Go toTop