Македонците и Албанците имаат различни ставови за преговарачката рамка, покажува анкетата на „Детектор“

May 14, 2023
1 min read

Речиси 56% од граѓаните на С Македонија се против преговарачката рамка која Владата ја договори со Европската унија и сметаат дека со овој договор, земјата се става во потчинета положба. Според истражувањето на „Детектор“, разликата во гласовите „за“ и „против“ е евидентна кај различни етнички групи, па така, дури 70% од етничките Македонци одговориле дека се против, додека пак дури 75% од Албанците дале поддршка на преговарачката рамка.

Поддршка за рамката дале 13,2% од Македонците, а против биле само 11,5% етнички Албанци. Најмалку граѓани кои се противат на преговарачката рамка има во Полошкиот регион, додека пак најмногу во Вардарскиот без Скопје и Југоистокот. Според анкетата, граѓаните се поделени и околу можноста за репреговарање за нова рамка, односно 37,1% сметаат дека тоа е можна опција, додека пак 36,4% сметаат дека тоа не е опција.

„Тука нема некоја голема разлика меѓу ставовите на доминантните етнички групи. Кај Македонците 36,3 отсто сметаат дека може, а 36,7 отсто дека не може повторно да се преговара за нова рамка. Кај етничките Албанци, 40,6 отсто се на ставот дека е можно да се договори и нова преговарачка рамка, додека 34,9 отсто дека не може“,

покажува анкетата

Речиси две третини од граѓаните сметаат дека се доволно запознаени со францускиот предлог, но речиси половина од нив не прават разлика помеѓу предлогот и преговарачката рамка.

„Од анкетираните 50,9 отсто сметаат дека преговарачката рамка е на штета на македонските национални интереси и се согласуваат со тврдењето дека оваа преговарачка рамка ја става земјава во потчинета положба и претставува вовед во бугаризација, а само 21 отсто се согласуваат со тврдењето дека преговарачката рамка ги зема предвид повеќето македонски барања и го гарантира македонскиот идентитет. Но Македонците и Албанците имаат дијаметрално спротивни ставови. Додека 62 отсто од Македонците сметаат дека преговарачката рамка е вовед во бугаризација, дури 54,4 отсто од Албанците се на ставот дека преговарачката рамка го гарантира македонскиот идентитет, се истакнува во анкетата“,

стои во анкетата.

Најзагрижени дека преговарачката рамка е некаков вовед во бугаризација се повозрасните и граѓаните меѓу 30 и 39 годишна возраст, додека пак најмала е загриженоста кај помладите луѓе. Близу половина од граѓаните или 48,4 отсто сметаат дека има многу дезинформации по ова прашање, додека 26,9 отсто велат дека нема дезинформации, се посочува во анкетата.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Давид Де Хеа прогласен за најдобар голман во Премиер лигата

Следно

Десничарските екстремисти протестираа во Париз

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop