Ердоган со рано водство, но се очекува разликата да се намалува

May 14, 2023
1 min read

Од 9,1% од одработените гласачки ливчиња, актуелниот претседател Реџеп Тајип Ердоган добил 59,47% од гласовите, додека пак неговиот главен опонент Кемал Киличдароглу има 34,79%, јавува Ројтерс. Според агенцијата, разликата се очекува да се намали со пребројувањето на гласовите. Првичните резултати се очекувало да бидат во корист на Ердоган, бидејќи првите гласови кои се бројат обично доаѓаат од конзервативните и рурални делови на Турција кои стандардно гласаат за партијата на Ердоган.

Четири извори од турската опозиција изјавија дека според нивните информации лидерот на опозицијата Киличдароглу води со мала разлика.

Инаку, претходно претседателот на Врховната изборна комисија на Турција (ЈСК) Ахмет Јенер изјави дека изборниот процес е завршен и оти досега не е забележана негативна ситуација, пренесува агенцијата Анадолија.

„Изборниот процес за претседателските и парламентарните избори е завршен. Не евидентиравме никаква негативна ситуација“,

изјави Јенер.

Сепак, тој истакна дека во текот на изборниот процес еден набљудувач и двајца граѓани починале како последица на инфаркт и изрази сочувство до семејствата на починатите. Јенер изрази благодарност до сите политички партии кои придонесоа за изборите, набљудувачите, претставниците на медиумите и сите други кои придонесоа за изборниот процес.

За некој од кандидатите денеска да обезбеди целосна победа, ќе му требаат повеќе од 50 отсто од гласовите. Меѓутоа, доколку ниту еден од четворицата кандидати за претседател на Турција не освои повеќе од 50 отсто од гласовите, вториот круг од изборите ќе се одржи на 28 мај. Денешните избори се одржуваат во исклучително тешко време за земјата, кога растечката инфлација достигна 44 отсто, иако многумина мислат дека е и повисока, а дури 11 провинции се справуваат со последиците од најуништувачкиот земјотрес во овој век.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Гласањето во Турција заврши без посериозни проблеми

Следно

По обработени половина од вкупниот број гласови, Ердоган води за 10 отсто пред неговиот опонент Киличдароглу

Latest from Blog

Зи-Зу веќе има договор и наскоро седнува на селекторската клупа на Франција

Француската фудбалска федерација постигна принципиелен договор со Зинедин Зидан за негово назначување за главен селектор на националниот тим, објави „Ел Национал“. Како што беше претходно објавено, 53-годишниот специјалист ќе го замени Дидие

Претседателот на Непал го распушти парламентот и распиша избори

Непалскиот претседател Рамчандра Паудел го распушти парламентот и свика нови избори за 5 март по една недела смртоносно насилство што кулминираше со назначување на првата жена премиер во земјата. Соопштението од канцеларијата

Сите надлежни институции да постапат итно и безмилосно: Сведочиме на ужас кој не смее да се повтори – се користат сите расположливи сили

❗️Почитувани сограѓани, скопјани, во овој момент сведочиме на ужас кој не смее да се повтори, огромен пожар ја уништува животната средина и директно го загрозува здравјето на скопјани! 🫡 Од самиот почеток,

Ѓорѓиевски со екипите на лице место: Сите сили во борба со разгорениот пожар

Скопје се соочува со сериозен пожар кој моментално ја загрозува животната средина и здравјето на граѓаните. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, заедно со своите колеги Бобан и Дејан, е на терен од самиот почеток
Go toTop