(ВИДЕО) Судар на автобус, камион и автомобил на автопат во Косово, повредени 30 матуранти

May 13, 2023
1 min read

Во несреќата учествувале автобус со странски регистарски таблички, камион со домашни таблички и автомобил. На местото на настанот излегле надлежни полициски единици. Во несреќата се повредени 30 лица, од кои на 13 во Универзитетскиот клинички центар им била укажана медицинска помош и се пуштени дома

ФОТО: Индексонлајн

Околу 30 лица се повредени во сообраќајна несреќа која попладнево се случила на автопатот Приштина-Пеќ, кај местото Враголија.

Автобусот кој учествувал во оваа несреќа превезувал ученици од Прешево кои се враќале од Албанија од екскурзија.

Портпаролот на косовската полиција Бајрам Красниќи потврди дека во несреќата се повредени 30 лица и дека на местото на настанот пристигнале медицински екипи.

„Во 15:50 часот полицијата била известена за сообраќајна незгода што се случила на патот Приштина-Пеќ. Во несреќата учествувале автобус со странски регистарски таблички, камион со домашни таблички и автомобил. На местото на настанот излегле надлежни полициски единици. Во несреќата се повредени 30 лица. Известени се и медицинските екипи“,

изјави Красниќи.

На Универзитетскиот клинички центар им била укажана помош на 13 лица кои биле повредени во сообраќајната несреќа. По укажаната помош, пациентите биле во стабилна состојба и се пуштени дома.

„Пред околу еден час од сообраќајката беа донесени 13 лица, од кои седум студенти. Сите добија третман и се пуштени дома бидејќи не се тешко повредени“,

велат од клиничкиот центар.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски се сретна со папата Франциск, му подари панцир носен од украински војник

Следно

Премиерлигашки тим заинтересиран за Инзаги

Latest from Blog

„НОВИОТ ТИМ“ на Филипче: Синот на Фрчко кој призна шмркање КОКАИН на Бихаќка се враќа во СДСМ

Александар, другарчето на Заев од јахтата на која аздисуваа со Филипче и ултра лузер на изборите за Аеродром станува потпретседател, исто и нејбезличната министерка за труд и социјала, Тренчевска. Верувале или не,

Австрија нема да забрани палестински знамиња, ниту ќе го пригуши свиркањето за време на израелсјкиот настап на Евросонг 2026.

Австрискиот јавен радиодифузен сервис ORF, домаќин на Евровизискиот натпревар за песна во 2026 година, нема да забрани палестински знамиња од публиката ниту да ги пригуши свиркањата на настапот на Израел како што

Откриени се илјадници траги на диносауруси, стари 210 милиони години- научниците зачудени

Дал Сасо рече дека трагите од диносаурусите формираат траги долги стотици метри и се толку добро сочувани што некои дури имаат отпечатоци од прсти и траги од канџи, објави Би-Би-Си. „Тоа е
Go toTop