Израелските воздушни напади врз Газа продолжуваат веќе петти ден

May 13, 2023
1 min read

ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелските воздушни напади врз Појасот Газа, кој е под израелска блокада, продолжуваат веќе петти ден, додека палестинските вооружени групи возвраќаат со ракети истрелани кон Израел, јавува Анадолу.

Репортерот на Анадолу од Газа јави дека израелски воени авиони денес извршиле напади врз неколку станбени објекти на различни локации во Појасот Газа.

Во воздушните напади срамнети со земја се најмалку три станбени објекти, додека други се оштетени.

Вчера израелски воени авиони уништија уште еден дом, на семејството Таха, во бегалскиот камп Џабалија, во северниот дел на Појасот Газа.

Преку писмена изјава израелската армија соопшти дека во воздушните напади се гаѓале цели на движењето Исламски џихад.

Израелската армија додава дека цел на нападите биле и одредени подземни позиции на бригадите Ал-Кудс, вооруженото крило на движењето Исламски џихад.

Во меѓувреме, палестинските вооружени групи истрелаа низа ракети од Газа, гаѓајќи неколку израелски локации.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека бројот на загинати во воздушните напади пораснал на 33, меѓу кои има шест деца и три жени. Најмалку 93 Палестинци, од кои 32 деца и 17 жени, се повредени во нападите.

Регионалните и меѓународните сили побараа итен прекин на огнот меѓу Израел и палестинските фракции, но досега без успех.

Израелската војска соопшти дека воздушните напади се дел од нејзината операција „Штит и стрела“, офанзива започната откако беа истрелани ракети од Газа по смртта на палестинскиот затвореник што штрајкуваше со глад во израелски затвор.

Според палестинските податоци, од почетокот на годината над 160 Палестинци го загубиле животот во нападите на израелските сили. Најмалку 20 Израелци загинаа во напади во истиот период.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Белгиецот Витсел ја заврши репрезентативната кариера

Следно

Руски медиуми: Украина изврши напад врз Луганск со британските ракети „Сторм шедоу“

Latest from Blog

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 

Севиља се спаси од пораз против Елче

Иако важеше за фаворит пред стартот на дуелот, сепак, тимот на Севиља во премиерниот дуел од викенд колото во Шпанија, на свој терен против тимот на Елче успеа да одигра само 2:2.

Николоски од Прилеп: Ќе го поврзиме градот со целосно автопатско решение

Вечерва на промоција на кандидати за советничката листа и промоција на кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Николоски ги посочи проектите и плановите кои треба
Go toTop