Граѓаните на Австрија се против проширувањето на Европската Унија

May 13, 2023
1 min read

Според анкетата направена од Австриското друштво за европска политика, дури 41 отсто од испитаниците одговориле негативно на прашањето дали се согласуваат С Македонија да стане член на Европската Унија. Позитвино одговориле само 21 отсто од испитаниците. Најголема поддршка за влез во Европска Унија меѓу австриските граѓани ужива Босна и Херцеговина, односно 29 отсто, додека, пак, најмала поддршка има Турција, земја за која дури 81 отсто од испитаниците одговориле дека е непожелна во Унијата

Австријците и понатаму се скептични за евентуално идно проширување на Европската Унија. Според истражувањето на Австриското друштво за европски политики, кое е спроведено во април годинава, ниту еден потенцијален кандидат за членство не добил поддршка од мнозинството граѓани. Австријците се поделени и во мислењата дали Бугарија и Романија треба да станат дел од Шенген-зоната.

Фото: Австриско друштво за европски политики

Најголема поддршка за влез ужива Босна и Херцеговина со поддршка од 29% од испитаниците. Поддршката за Србија, Црна Гора, Албанија и С Македонија варира од 24% до 21%, додека, пак, зелено светло за Косово би дале само 16% од граѓаните. Од друга страна, пак, 41% од Австријците се против влезот на Босна и Херцеговина, против влезот на С Македонија се исто така 41%, против влезот на Србија 48%, а против влезот на Косово 53%. Најголема „одбивност“ граѓаните на Австрија имаат кон влезот на Турција во ЕУ.

Споредено со претходната анкета спроведена во јули 2022 г., се зголемила поддршката за влез на Србија и Албанија во ЕУ за 8 отсто, на БиХ за 5 отсто и Турција за 3%. Според анкетата, за граѓаните на Австрија, во Унијата не се добредојдени ниту Украина ниту Грузија и Молдавија.

Од друга страна, мнозинството во Австрија е и против влезот на Бугарија и Романија во Шенген-зоната. 38% изјавиле дека се за влезот на Бугарија, додека пак со не одговориле 42%. За Романија бројките се речиси слични, 36% од Австријците се за влезот на Романија во Шенген, додека пак со не одговориле 44% од испитаниците.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Дојави за бомби ги затворија аеродромите во Подгорица и Тиват

Следно

Туркије: Утре претседателски и парламентарни избори, право на глас имаат над 64 милиони гласачи

Latest from Blog

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 

Севиља се спаси од пораз против Елче

Иако важеше за фаворит пред стартот на дуелот, сепак, тимот на Севиља во премиерниот дуел од викенд колото во Шпанија, на свој терен против тимот на Елче успеа да одигра само 2:2.

Николоски од Прилеп: Ќе го поврзиме градот со целосно автопатско решение

Вечерва на промоција на кандидати за советничката листа и промоција на кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Николоски ги посочи проектите и плановите кои треба
Go toTop