Дојави за бомби ги затворија аеродромите во Подгорица и Тиват

May 13, 2023
1 min read

Аеродромите во овие два града во Црна Гора утринава информираа дека утринава околу 9 часот добиле закана преку телефон дека на аеродромите има поставено бомби. Аеродромите во моментов се затворени, а полициски службеници со кучиња трагачи вршат проверки. Додека траат проверките, авионите кои требаше да слетаат, кружат на небото на Црна Гора

„Во Подгорица еден авион е вратен на дополнителна контрола. Во моментот полициски екипи прават контроли на аеродромот“,

велат од аеродромот во Подгорица.

Од Министерстовто за внатрешни работи на Црна Гора пристигна известување дека на персоналот на аеродромите во Подгорица и Тиват им се заканувале од број од странство.

„Управата на полицијата согласно сите процедури презима мерки во област на своите надлежности, а јавноста ќе биде благовремено известена“,

рекоа од црногорското МВР.

Аеродромските служби им наредиле на сите пилоти кои требало да слетаат на аеродромите да кружат се додека не завршат проверките на полициските службеници.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Турски МИТ неутрализира висок терорист на ПКК во Северна Сирија

Следно

Граѓаните на Австрија се против проширувањето на Европската Унија

Latest from Blog

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 

Севиља се спаси од пораз против Елче

Иако важеше за фаворит пред стартот на дуелот, сепак, тимот на Севиља во премиерниот дуел од викенд колото во Шпанија, на свој терен против тимот на Елче успеа да одигра само 2:2.

Николоски од Прилеп: Ќе го поврзиме градот со целосно автопатско решение

Вечерва на промоција на кандидати за советничката листа и промоција на кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Николоски ги посочи проектите и плановите кои треба
Go toTop