ОН: Поради судирите, Судан го напуштиле 200.000 лица

May 12, 2023
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Портпаролката на Високиот комесаријат на Обединетите нации (ОН) за бегалци, Олга Сарадо, истакна дека од 15 април досега околу 200.000 лица го напуштиле Судан поради судирите што се во тек во земјата меѓу Армијата и паравоените Сили за брза поддршка (РСФ), јавува Анадолу.

Одржан е неделен брифинг за медиумите под модерација на Роландо Гомес, шеф на Одделот за медиуми и надворешни работи при Дирекцијата за информации во канцеларијата на ОН во Женева.

„Околу 200.000 лица се принудени да ја напуштат земјата поради судирите што се во тек веќе четири недели во Судан. Секој ден сè повеќе лица ја преминуваат границата и се во потрага по безбедност“, рече Сарадо.

Таа истакна дека стотици илјади лица се раселени во границите на земјата, и дека бројни лица се заробени во своите домови поради немање пристап до основите потреби.

Сарадо нагласи дека интервенцијата врз оваа итна состојба во Судан е тешка и скапа.

Инаку, на 15 април избувнаа судири меѓу суданската Армија и паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) во Картум и неговата околина.

Во последните месеци меѓу суданската Армија и паравоените Сили (РСФ) се појави несогласување околу интеграцијата на РСФ во Вооружените сили, клучен услов за транзицискиот договор на Судан со политичките групи.

Судан е без функционална влада од октомври 2021 година, кога војската ја собори преодната Влада на премиерот Абдула Хамдок и прогласи вонредна состојба, потег што политичките сили го оквалификуваа како „државен удар“.

Преодниот период на Судан, што започна во август 2019 година по соборувањето на претседателот Омар ал-Башир, требаше да заврши со избори на почетокот на 2024 година.

Според Светската здравствена организација (СЗО), во судирите што и понатаму траат во земјата животот го изгубиле 604 лица, а 5.127 лица се повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

У15: Македонските фудбалери втор пат подобри од Малта

Следно

Мајките од Дијарбакир, на Денот на мајката сакаат повторно да се обединат со своите деца киднапирани од ПКК

Latest from Blog

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 

Севиља се спаси од пораз против Елче

Иако важеше за фаворит пред стартот на дуелот, сепак, тимот на Севиља во премиерниот дуел од викенд колото во Шпанија, на свој терен против тимот на Елче успеа да одигра само 2:2.

Николоски од Прилеп: Ќе го поврзиме градот со целосно автопатско решение

Вечерва на промоција на кандидати за советничката листа и промоција на кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Николоски ги посочи проектите и плановите кои треба

Косовска влада ПУШТЕНА НИЗ ВОДА САКА ДА СЕ ИСПЕРЕ: Односите со САД остануваат стабилни, ги поздравуваме КРИТИКИТЕ?

Портпаролот на заминувачката косовска влада, Перпарим Криезиу, по одлуката на САД да го суспендира стратешкиот дијалог со Косово изјави дека односите со САД остануваат стабилни. Тој, исто така, на Фејсбук изјави дека
Go toTop