Единствената дополнителна информација што Маск ја споделува на темава е дека новата директорка ќе почне со работа во следните 6 седмици, без да даде ни најмал хинт која би можела да биде замената.
Една од шпекулациите е дека позицијата ја добива досегашната директорка за партнерства и адвертајзинг на Ен-би-си универзал, Линда Јакарино.
Маск кој стана директор на Твитер минатиот октомври кога ја купи компанијата, по кратко време објави дека би се тргнал од позицијата само да најде човек што ќе го замени. Тој и понатаму е сопственик на компанијата, која во меѓувреме ја прекрсти во Х, а новата позиција ќе му биде да се занимава со технолошкиот дел од работата на платформата.
Во декември 2022 инвеститорите во Тесла (една од компаниите на кои Маск е сопственик и ЦЕО) отворено побараа од него да се откаже од позицијата во Твитер и да се посвети на електричните автомобили, откако вредноста на акциите на Тесла падна на 101 долари од пикот во 2021 од 314 долари. Маск е сопственик и/или ЦЕО уште на СпејсИкс, Боринг компани и Неуралинк.
ИЗВОР: off.net.mk