Конфликт во Газа: Една жртва на израелската страна, 28 на палестинската, меѓу нив и деца

May 11, 2023
1 min read

Во Газа, каде на власт е исламистичкото движење Хамас, Министерството за здравство објави 28 загинати, меѓу кои и деца, а повеќе од 90 се ранети од вторникот. Меѓу загинатите има и најмалку 10 цивили, што за Обединетите нации е неприфатливо

ФОТО: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Едно лице загина во денешниот палестински ракетен напад, што е прва жртва на израелска страна од почетокот на ракетниот напад од Појасот Газа, а на палестинска страна досега загинаа 28 лица во тридневната размена на оган меѓу Израел и палестинските вооружени групи, а крајот не се гледа и покрај напорите за посредување.

Едно лице загина денеска во Реховот, јужно од Тел Авив, а неколку други се ранети кога палестинска ракета погоди станбена зграда, соопшти полицијата и спасувачките служби. Додека палестинските ракети паѓаат врз центарот и јужниот дел на земјата на Израел, израелската армија врши воздушни напади врз Појасот Газа.

Таа ескалација на насилството, најголемата меѓу Газа и Израел од август 2022 година, започна во вторникот со израелските напади на палестинската територија, особено врз Исламскиот џихад, организација која Израел, Европската унија и САД ја сметаат за терористичка.

Претходно денеска Израел објави дека лидерот на палестинскиот Исламски џихад Али Гали е убиен во израелските воздушни напади врз Појасот Газа. Командантот на ракетната единица на бригадата Ал Кудс, военото крило на Исламски џихад, Али Гали е четвртиот висок командант на исламистичката група убиен во последните денови во израелските воздушни напади врз Појасот Газа.

Во Газа, каде на власт е исламистичкото движење Хамас, Министерството за здравство објави 28 загинати, меѓу кои и деца, а повеќе од 90 се ранети од вторникот. Меѓу загинатите има и најмалку 10 цивили, што за Обединетите нации е неприфатливо.

Според последните податоци објавени од војската, од почетокот на нападот во средата од Газа биле истрелани 547 ракети на израелска територија, од кои 175 биле пресретнати од израелскиот систем за противвоздушна одбрана. Денеска израелската армија извести дека погодила 166 цели во Појасот Газа, вклучувајќи ракетни бази и вооружени групи.

Вчера, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел му го „нанесе најтешкиот удар на Исламскиот џихад во неговата историја“.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Ноер повторно тренира по пауза од пет месеци

Следно

Арсенал загуби уште еден важен фудбалер до крајот на сезоната

Latest from Blog

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 

Севиља се спаси од пораз против Елче

Иако важеше за фаворит пред стартот на дуелот, сепак, тимот на Севиља во премиерниот дуел од викенд колото во Шпанија, на свој терен против тимот на Елче успеа да одигра само 2:2.

Николоски од Прилеп: Ќе го поврзиме градот со целосно автопатско решение

Вечерва на промоција на кандидати за советничката листа и промоција на кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Николоски ги посочи проектите и плановите кои треба

Косовска влада ПУШТЕНА НИЗ ВОДА САКА ДА СЕ ИСПЕРЕ: Односите со САД остануваат стабилни, ги поздравуваме КРИТИКИТЕ?

Портпаролот на заминувачката косовска влада, Перпарим Криезиу, по одлуката на САД да го суспендира стратешкиот дијалог со Косово изјави дека односите со САД остануваат стабилни. Тој, исто така, на Фејсбук изјави дека
Go toTop