Предадени речиси 6 000 парчиња нелегално оружје во првите три дена од кампањата на српското МВР

May 11, 2023
1 min read

Покрај оружјето, од 8 мај, кога започна акцијата, досега се предадени и 290 572 парчиња муниција, како и 488 минско-експлозивни средства. Кампањата на српското МВР уследи по двете масовни убиства што се случија белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ и во селата кај Младеновац и Смедерево

Во првите три дена од кампањата на српското Министерство за внатрешни работи за предавање на нелегално оружје и муниција, предадени се 5 937 парчиња оружје, соопшти денеска Министерството, пренесува РТС.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија (илустративна фотографија)/Фото: Архива

Српското МВР на својот официјален профил на Инстаграм објави дека покрај речиси 6 000 парчиња оружје, од 8 мај, кога започна акцијата, предадени се и 290 572 парчиња муниција, како и 468 минско-експлозивни средства.

„МВР ги повикува граѓаните до 8 јуни да го предадат нерегистрираното оружје и експлозивните направи во најблиската полициска станица или да да ги повикаат полициските службеници да дојдат на посочена адреса и да го преземат“,

се наведува во објавата.

Објавата на српското МВР

Министерството објави и видеопорака во рамките на кампањата за доброволно предавање на оружје.

Според проценките на српската полиција, околу половина милион луѓе во земјата нелегално поседуваат оружје.

Граѓаните на Србија до 8 јуни ќе можат без санкции да го предадат нерегистрираното оружје во најблиската полициска станица. Во тој период граѓаните кои ќе го предадат нерегистрираното оружје нема да одговараат, ниту кривично ниту ќе сносат некакви последици и не мора да го докажуваат потеклото на оружјето.

Кампањата на српското Министерство за внатрешни работи за предавање на нелегалното оружје уследи по двете масовни убиства што се случија белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ и во селата кај Младеновац и Смедерево. Во двата масакри беа убиени 17 лица, а над 20 беа ранети.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Иран и Ирак потпишаа договор за енергетска соработка

Следно

Пакистан: Деветмина загинати за време на протестите по приведувањето на Имран Кан

Latest from Blog

Генералното собрание на ОН усвои декларација за дводржавно решение за Палестина и Израел

Генералното собрание на Обединетите нации со огромно мнозинство усвои декларација која предвидува „конкретни, временски ограничени и неповратни чекори“ кон дводржавно решение меѓу Израел и Палестина, пред состанокот на светските лидери кон крајот

Мицкоски: Апасиев и Мециновиќ си префрлале пари од партиската сметка на Левица

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на собраниската седница за опозициски прашања покажа документи и списоци за коишто рече дека ги добиле од свиркачи во врска со партискиот објект на Левица и од кои

Ѓорѓиевски на одбележувањето на 30 години македонско-американски односи

Градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, вечерва присуствуваше на свеченото одбележување на 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Настанот се одржа

Нов албум на Ед Ширан: Музиката може да се доживее со сите сетила

 Британскиот пејач Ед Ширан, во соработка со американскиот бренд сладоледи „Ван Лeјвин“ (Van Leeuwen), го претвори својот претстоен албум во уникатен леден десерт. Имено, осмиот студиски албум на Ширан – „Play“ излегува

Тропската бура „Марио“ се формира покрај мексиканскиот пацифички брег, носејќи дожд и поплави

„Марио“ беше опишан како „мала бура“ во утринското предупредување на Националниот центар за урагани, но имаше максимална брзина на ветровите од 64 километри на час. Тропска бура беше прогласена за делови од
Go toTop