Од тетовскиот грав до врвот на швајцарската кардиохирургија

May 10, 2023
2 mins read

Циришката Универзитетска болница неодамна повлече храбар потег. На 1-ви декември 2022 година ја пополни челната позиција на својата прочуена кардиохирургија. Менаџментот за тоа место не донесе некоја меѓународно позната хируршка ѕвезда; го донесе Омер Џемали, пишува швајцарскиот весник на германски јазик, Neue Zürcher Zeitung.

Пред Џемали да ја преземе високата функција, медиумите воопшто не му беа наклонети па некои од нив го нарекоа „перач на садови меѓу белите богови.“

Кардиохирургот никогаш не реплицираше на таквите лични навреди и прифатил да зборува за медиум дури откако минале првите 100 дена од неговото назначување.

Одговорноста е огромна бидејќи се работи за славна клиника со огромно реноме, во која директорувале луѓе како Аке Сенинг, пионер во развојот на пејсмејкерите. Таа е уште поголема поради неколку скандали кои ја потресоа клиниката минатите години и нејзиното неснаоѓање во време на пандемијата.

Кој е човекот кој треба да ѝ ја врати некогашната слава и може ли тој тоа да го стори?

Роден е на 4 јули 1970-та година во Тетово, во албанска фамилија која живеела на село. Бил единствено дете но имал многу братучеди во близина.

Пар животни искуства на младиот Омер ги разгореле неговите амбиции.

Дедо му бил земјоделец. Чувал и стока но главно му било одгледувањето грав, клучната состојка во македонското национално јадење тавче гравче. Како и другите деца, и Омер му помагал на дедо му во работата. По некое време, дедото ја поделил земјата на младите од семејството, давајќи секому парче земја, охрабрувајќи ги на натпревар кој од нив ќе одгледа најквалитетен грав.  

Кога тргнал во школо, Омер посакал точак, што било луксуз за неговата фамилија. Татко му, учител, му поставил само еден услов: „Ако сакаш точак, ќе треба да прочиташ 100 детски книги и да ми докажеш дека навистина си го сторил тоа.“

Една година и 100 книги подоцна, го добил посакуваниот точак.

Кoга имал девет години, неговата сакана баба починала од срцев удар. Тој шок кај него ја разбудил желбата да стане доктор и почнал да се спрема да заврши медицина. Дење учел, навечер волонтирал во болнички оддел.

Во 1990-та запишува медицински факултет во Сараево каде живеел со уште шест цимери. Две години подоцна, почнуваат бељите а Сараево станува центар на војната која брзо се разгорува.

Омер учествува во мировните протести на сараевчаните. „Стоевме пред озлогласениот хотел Холидеј Ин додека снајпери пукаа на нас,“ се сеќава на таа епизода со стишан глас.

До денес се нема вратено во Сараево.

Во 1992-ра веќе не гледа иднина за себе во државата која се распаѓа. И родителите му советуваат да бега. Се качува во авион за Дизелдорф, еден од последните авиони кои ќе го напуштат Сараево, град кој со години остана под опсада.

Живее кај вујко му во Германија, работи по градежни скелиња и ресторани. Истовремено, аплицира за медицински студии во 32 универзитета. Го примаат во оној во Мајнц. Двете минати факултетски години во Сараево не му ги признаваат па мора сè одново, но тоа тој не го гледа трагично: бидејќи веќе го знае материјалот, го користи времето да го усоврши јазикот. Сето време и работи за да се издржува, не секогаш најлегално пријавен.

Неговата медицинска кариера фаќа залет во еден момент кога тој помислува дека сè е изгубено. По еден писмен испит по анатомија, добива порака дека професорот сака да го види во кабинет. Знаел дека добро одговорил на прашањата па помислил дека мора да е нешто друго, најверојатно поврзано со неговото работење на црно.

– Морам да работам за да преживеам, професоре!
– Кој те прашува за тоа? Ова е факултет, не е полициска станица.
– Па зошто ме повикавте?
– За да дознаам од каде толку добро го знаеш материјалот.

Професорот му дава докторска теза, му станува ментор и го вклучува во истражувачки проекти.

Џемал станува кардиохирург во Франкфурт а потоа и заменик шеф на кардиологија во циришката Тремли болница. во 2018-та станува шеф на одделот.

Медиумските критики и сомневањата во неговата компетентност од страна на колеги кои сакале да останат анонимни, ги има замолчено со дела: првата операција во новата болница му била трансплантација на срце а во следните недели извршил уште шест такви.

Сите пациенти живи – здрави.

„Најдобар начин да замолчиш критичари е да со добро завршена работа – победи ги со резултати!”, порачува Џемал.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Костадиновска-Стојчевска на средба со албанската министерка за култура, Маргарити, во Тирана пред вечерашната премиера на Битолски театар

Следно

Следната недела започнува 14. Форум во Казан чиј глобален комуникациски партнер е Агенција Анадолу

Latest from Blog

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 

Севиља се спаси од пораз против Елче

Иако важеше за фаворит пред стартот на дуелот, сепак, тимот на Севиља во премиерниот дуел од викенд колото во Шпанија, на свој терен против тимот на Елче успеа да одигра само 2:2.

Николоски од Прилеп: Ќе го поврзиме градот со целосно автопатско решение

Вечерва на промоција на кандидати за советничката листа и промоција на кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Николоски ги посочи проектите и плановите кои треба

Косовска влада ПУШТЕНА НИЗ ВОДА САКА ДА СЕ ИСПЕРЕ: Односите со САД остануваат стабилни, ги поздравуваме КРИТИКИТЕ?

Портпаролот на заминувачката косовска влада, Перпарим Криезиу, по одлуката на САД да го суспендира стратешкиот дијалог со Косово изјави дека односите со САД остануваат стабилни. Тој, исто така, на Фејсбук изјави дека
Go toTop