ПЕТТОТО ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ ЛИТЕРА СО ГОСТИ ОД ХРВАТСКА, ПРОМОЦИИ И РАБОТИЛНИЦИ ЗА ДЕЦА И УМЕТНИЦИ

May 10, 2023
1 min read

Тројца врвни илустратори и креативци од Хрватска, Доминик Вуковиќ, Николина Манојловиќ-Врачар и Бранка Холингсворт-Нара, се специјални гости на петтото издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца и млади Литера.  Фестивалот ќе се одржи од 23 до 27 мај во Музејот на Град Скопје.

Ним ќе им се придружат и домашни илустратори, писатели, автори на сликовници, издавачи, мултимедијални ликовни уметници.

Присуството на фестивалот на уметниците од Хрватска е особено важно, бидејќи преку мастеркласови и предавања своето искуство ќе го пренесат на младите илустратори и сите што сакаат да се занимаваат со оваа професија во нашата земја. На нив ќе им се придружат и домашни илустратори, писатели, автори на сликовници, издавачи, мултимедијални ликовни уметници“, вели Софија Семенпеева од тимот на Фестивалот.

На 5. издание на Литера, освен изложби и мастеркласови, во соработка со Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) ќе бидат организирани промоции на книги, а македонски писатели, креативци ќе организираат детски работилници и јавно читање сликовници. Како дел од фестивалот ќе бидат отворени три изложби на автори од Хрватска, како и изложбата „Свет со љубов“, во која ќе бидат изложени дела на млади македонски илустратори, што учествуваа на конкурсот што го организираше фестивалот.

Посебен фокус ќе биде ставен на конференцијата „Македонска современа илустрација“, на која ќе гостуваат реномирани професионалци од областа на детската литература и илустрацијата. Наградите Литера 2023 ќе бидат соопштени и доделени на затворањето на фестивалот.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Најмалку еден загинат во напад со нож во сиропиталиште во централна Полска

Следно

Во Пакистан распоредена армијата поради тензиите по апсењето на поранешниот премиер Кан

Latest from Blog

Битола ќе добие нова енергија – ВМРО-ДПМНЕ ја откри советничката листа!

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ја претставија својата советничка листа за Битола, нагласувајќи дека нудат комбинација од континуитет, искуство и свежа енергија за новата голема победа. „Остануваме посветени на Битола, продолжуваме искрено, вредно и

ТРЧАЈ БЕ 2025 – големи спортски настани во Битола

СВР Битола заради одржување на спортската манифестација ТРЧАЈ БЕ 2025, во чии рамки годинава ќе се одржи и Националното првенство во полумаратон, на ден 14.9.2025 година (недела) во Битола, во временскиот период
Go toTop