Во Москва започна состанокот за Сирија на шефовите на дипломатиите на Туркије, Русија, Иран и Асадовиот режим

May 10, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Започна состанокот за Сирија на шефовите на дипломатиите на Туркије, Русија, Иран и Асадовиот режим во Сирија, јавува Анадолу.

Овој состанок на министрите за надворешни работи на Туркије, Русија, Иран и Асадовиот режим се одржува во рускиот главен град Москва.

На состанокот што е во тек во Министерството за надворешни работи на Русија присуствуваат шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, иранскиот министер за надворешни работи, Хусејин Емир Абдулахијан, и министерот за надворешни работи на Асадовиот режим во Сирија, Фејсал ел Микдад.

Лавров ќе има обраќање на делот на состанокот отворен за медиумите.

На состанокот ќе се вршат консултации за решавање на кризата во Сирија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Маж упаднал во сиропиталиште, убил девојче, повредил девет лица: Хорор во Полска

Следно

(ВИДЕО) Евровизија: Србија и Хрватска се пласираа во финалето

Latest from Blog

ТРЧАЈ БЕ 2025 – големи спортски настани во Битола

СВР Битола заради одржување на спортската манифестација ТРЧАЈ БЕ 2025, во чии рамки годинава ќе се одржи и Националното првенство во полумаратон, на ден 14.9.2025 година (недела) во Битола, во временскиот период

Влада на Косово: Односите со САД остануваат стабилни, ги поздравуваме критиките

На „Фејсбук“, Криезиу истакна дека Косово е „најсериозен партнер на САД за стабилност и мир во регионот“. Тој додаде дека Владата, по првпат од прогласувањето на независноста, го исполнила мандатот, придонесувајќи за

Првпат во Македонија: Пациентите добиваат лесно достапна ласерска интервенција за варикозни вени

(Скопје,13.09.2025) — Во Македонија од денеска е достапен третман кој претставува вистински напредок во понудата на медицински услуги – ласерска интервенција за аблација на варикозни вени. Станува збор за најсовремена технологија која
Go toTop