Маж упаднал во сиропиталиште, убил девојче, повредил девет лица: Хорор во Полска

May 10, 2023
1 min read

Нападот се случил во вторникот вечерта, а полицијата го уапсила напаѓачот и го истражува мотивот за нападот

Маж кој со нож влегол во сиропиталиште во Полска убил тинејџерка и повредил девет лица, соопшти денеска полицијата на градот Лоѓ.

Нападот се случил во вторникот вечерта, а полицијата го уапсила напаѓачот и го истражува мотивот за нападот, изјавила за државната телевизија портпаролката на полицијата Анета Собјерај.

„За жал, како резултат на нападот, 16-годишна тинејџерка, жителка на сиропиталиштето, почина на самото место, а пет лица се хоспитализирани“,

рече Собјерај, пренесе Ројтерс.

На останатите повредени им била укажана лекарска помош на местото на настанот.

Фото: EPA-EFE/LESZEK SZYMANSKI POLAND OUT

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тунис: Тројца загинаа, 9 повредени во нападот извршен врз синагога

Следно

Во Москва започна состанокот за Сирија на шефовите на дипломатиите на Туркије, Русија, Иран и Асадовиот режим

Latest from Blog

Коњановски: Фестивалот „Илинденски денови“ е гордост на Битола и Македонија

БИТОЛА – Со свечена церемонија вечерва беше отворено 56. издание на Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“, а градоначалникот Тони Коњановски порача дека Битола повторно станува место каде што

Мурињо отпушти многумина од Реал, но јасно кажал кој мора да остане!

ФОТО:.facebook.com/RealMadrid/ Жозе Мурињо сака Гонзало Гарсија да остане во клубот и не го поддржува неговото заминување, објавува шпанскиот весник „Марка“. Според информациите од овој весник, искусниот португалски стручњак смета дека во тимот

Екс капитенот на Хајдук ќе игра за Гремио

Филип Кровиновиќ, еден од капитените на Хајдук до неодамна ќе игра во шампионатот на Бразил, за легендарниот тим на Гремио. Изненадувачкиот трансфер одекна како бомба во јавноста во Хрватска, затоа што реално
Go toTop