Фон дер Лајен во Киев: Украина е соодветно место за одбележување на Денот на Европа

May 9, 2023
1 min read

Во објавата на Твитер, шефицата на Европската комисија ја поздрави одлуката на украинскиот претседател кој донесе декрет според кој во неговата земја 9 Мај ќе се слави како Денот на Европа, притоа отфрлајќи ја традицијата според која во Украина на овој ден се одбележуваше Денот на победата во Втората светска војна

Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, утринава пристигна во Киев каде што ќе го одбележи 9 Мај – Денот на Европа.

По пристигнувањето во украинската престолнина, Фон дер Лајен на Твитер напиша дека Украина е соодветно место за славење на Денот на Европа – место каде што секојдневно се бранат вредностите кои ни се драги.

„Добро е што се вратив во Киев – онаму каде што вредностите кои ни се драги се бранат секојдневно. Тоа е соодветно место за славење на Денот на Европа“,

напиша Лајен во објавата на Твитер.

Во објавата, Фон дер Лајен ја поздрави и одлуката на украинскиот претседател кој донесе декрет според кој во неговата земја 9 Мај ќе се слави како Денот на Европа, притоа отфрлајќи ја традицијата според која во Украина на овој ден се одбележуваше Денот на победата во Втората светска војна.

„Ја поздравувам одлуката на претседателот Зеленски да го прогласи 9 мај за Ден на Европа. Украина е дел од нашето европско семејство“,

вели шефицата на Европската комисија.

Лајен пристигна во Киев со ноќен воз од Полска, за време на посетата, таа ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со него ќе разговара за аспирациите на Украина за членство во ЕУ.

„Мојата посета на Киев денеска е симболична, но исто така е знак за тоа дека ЕУ работи рака под рака со Украина за многу прашања“,

рече Фон дер Лајен по пристигнувањето во Киев.

Таа рече дека една од целите на разговорите со Зеленски е да се подготви теренот за почеток на пристапните преговори, но на ниту еден начин не навести кога Украина би можела да стане следната членка на Унијата. Единствено кажа дека Украина е дел од европското семејство.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кина протера канадски дипломат од Шангај

Следно

(ФОТО) Путин од парадата за Денот на победата: Против Русија се води вистинска војна

Latest from Blog

Оливер Гласнер три години на клупата на Нотингем Форест

Оливер Гласнер од денеска е нов тренер на Нотингем Форест. Според информацијата на инсајдерот Фабрицио Романо, Австриецот потпишал тригодишен договор. 51-годишниот Гласнер ќе го замени Витор Переира на позицијата главен тренер, чие

ГАСНИОТ ИНТЕРКОНЕКТОР СО ГРЦИЈА НАПРЕДУВА СПОРЕД ПЛАНОТ: Завршувањето се очекува следната година

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, заедно со НОМАГАС и грчкиот оператор на гасниот преносен систем ДЕСФА (DESFA), ги усогласија следните чекори за реализација на гасоводниот интерконектор меѓу Македонија и Грција

Натанијел Браун за уште посилен Баерн Минхен

Очигледно дека екипата на Баерн Минхен нема намера да сопре со својата доминација на домашно тло, па само што започна преодниот рок во Бундеслигата, а веќе „Баварците“ доведоа две огромни засилувања. По
Go toTop