Поранешна авганистанска пратеничка убиена во својот дом 

January 15, 2023
1 min read

Станува збор за Мурсал Набиздада, кој беше член на парламентот во претходната влада поддржана од Западот, а која одби да побегне од Авганистан кога талибанците ја презедоа власта во август 2021 година

Вооружени напаѓачи ноќеска убиле поранешна пратеничка во авганистанскиот парламент и еден од нејзините телохранители во нејзиниот дом во Кабул, јавува агенцијата Франс прес, повикувајќи се на локалната полиција. 

Станува збор за Мурсал Набиздада, која беше членка на парламентот во претходната влада поддржана од Западот, а која одби да побегне од Авганистан кога талибанците ја презедоа власта во август 2021 година. 

Во нападот бил ранет и еден од нејзините браќа, изјавил за новинарите портпаролот на полицијата Калид Задран.  

Тој додал дека безбедносните сили отвориле истрага за откривање на напаѓачите. 

Триесет и двегодишната Мурсал Набиздада од источната провинција Нангархар беше избрана за пратеник во Кабул во 2018 година. 

Дипломирала бизнис менаџмент и се школувала во Пешавар, во соседен Пакистан, пред да се врати во Авганистан. 

 „Мурсал Набиздада е убиена во темнина, но талибанците го градат својот систем на родов апартхејд на светлината на денот“,

реагираше германската европратеничка Хана Нојман во порака на Твитер, наведувајќи дека е „тажна и лута“. 

Во текот на двете децении воена интервенција предводена од САД во Авганистан жените заземаа важни позиции во авганистанското општество. Многу од нив станаа судии, новинарки, полицајки или влегуваа во политиката. 

Сепак, повеќето од нив побегнаа од земјата кога талибанците повторно се вратија на власта во август 2021 година. 

 Оттогаш тие воведоа строги ограничувања за авганистанските жени, отстранувајќи ги од јавните позиции, им забранија да посетуваат средни училишта и универзитети или одење во паркови.  

Десетина земји-членки на Советот за безбедност на ОН во петокот ги повикаа талибанците да ги прекинат сите угнетувачки мерки против жените во Авганистан, на маргините на состанокот зад затворени врати за ситуацијата во таа земја.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почна пријавувањето за 24. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам „Струмица 2023“

Следно

Потрагата по уште четворица патници од авионот кој се урна во Непал продолжува утре

Latest from Blog

Проданоски: Децата од Мало Коњари со песна и игра ја разубавија пролетта

Во ООУ „Страшо Пинџур“ во Мало Коњари денеска се одржа настан исполнет со детска смеа, музика, игра и позитивна енергија, на кој присуствуваше градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Под мотото „Со

Болоња официјално му се заблагодари на Италијано, следува промоција во Наполи!?

Винченцо Италијано досегашниот тренер на тимот на Болоња, и официјално си замина од клубот. Поточно, клубот официјално му се заблагодари за соработката по две години минати таму. „ФК Болоња 1909 објавува дека

Полицијата во Цирих потврди: Нападот на железничката станица е терористички чин

Шефот на кантоналната полиција во Цирих, Марио Фер, на прес-конференција изјави дека напаѓачот Несип Деделер (31) имал двојно државјанство – и турско и швајцарско, но и дека се радикализирал и дека уште

МФ: Од 1 јули 2026 година се врши дополнително намалување и целосно усогласување на царинските стапки со ЕУ за 70 стоки кои како суровини и репроматеријали се користат во домашната индустрија

Денеска на седница на Владата беше усвоен Предлогот за измена на Законот за Царинска тарифа, со кој се врши дополнително намалување на царинските стапки и нивно целосно усогласување со стапките за тие
Go toTop