Повторно Аргентинец: Меси има нов тренер во Мајами

August 28, 2026
1 min read
Фото: Интер Мајами Х

Лионел Меси повторно ќе има сонародник за тренер во Интер Мајами. Американскиот клуб го назначи Кристијан „Кили“ Гонзалез за нов шеф на тренерскиот штаб, а 52-годишниот Аргентинец ќе го преземе тимот штом ќе ги добие потребните работни дозволи. Гонзалез со тоа ќе ја продолжи „аргентинската традиција“ на клупата на клубот од Флорида. Меси претходно работеше со Тата Мартино и Хавиер Маскерано во Интер, а сега ќе добие уште еден добро познат сонародник за шеф на тренерскиот штаб.

Новиот тренер на Интер е многу добро познат на љубителите на европскиот фудбал. За време на својата играчка кариера, поранешниот аргентински репрезентативец играше за Росарио Централ, Бока Јуниорс, Сарагоса, Валенсија и Интер Милано, а одигра 56 натпревари за аргентинската репрезентација.
„Гонзалез официјално ќе ги преземе своите должности штом ќе ги добие соодветните работни дозволи. Гилермо Ојос привремено ќе продолжи да го води тимот до доаѓањето на новиот шеф на стручниот штаб и неговиот тренерски тим“, објави Интер Мајами.
Популарниот Кили Гонзалез ја изгради својата тренерска кариера во својата татковина. Тој ги водеше Росарио Централ, Унион Санта Фе и Платензе, а сега ја има својата прва работа надвор од Аргентина и непосредна можност да работи со еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.
Промената на клупата доаѓа во време кога Интер Мајами минува низ резултатска криза. Тимот на Меси не ги доби последните пет натпревари во сите натпреварувања, па една од првите задачи на новиот тренер ќе биде да ја прекине негативната серија.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

475 луѓе загинаа во поплавите во Непал, над 1.500 се водат за исчезнати

Следно

Русите му веруваат на Путин

Latest from Blog

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача

Прометот на Македонската берза 2,9 милиони денари, МБИ10 во раст од 0,19 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.168,17 поени. Во однос
Go toTop