По оставката на Васовски, Атанасов нов тренер на Академија Пандев

May 8, 2023
1 min read

Македонскиот фудбалски прволигаш Академија Пандев го назначи денеска Тони Атанасов за нов шеф на стручниот штаб.

Атанасов доаѓа на местото на Александар Васоски кој по неделниот пораз на домашен терен од Тиквеш (1-4) поднесе оставка која раководството на струмичкиот прволигаш ја прифати.

-Благодарност до тренерот Александар Васоски и првиот асистент Раденко Бојовиќ за професионалниот ангажман и посветеноста кон тимот изминатиот период. Управниот одбор на клубот ја прифати понудената оставка и донесе одлука до крајот на сезоната сениорскиот тим да го предводи тренерот Тони Атанасов, соопшти попладнево Академија Пандев.

На две кола до крајот на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, Академија Пандев е деветтопласирана со 26 бодови.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Милошоски: Владата се однесува со Уставот како дневен ред на совет на станари, овој пратенички состав нема мандат да решава за уцените на Бугарија

Следно

Промоција на новите изданија на Румена Бужаровска на Саемот на книгата

Latest from Blog

Косовска влада ПУШТЕНА НИЗ ВОДА САКА ДА СЕ ИСПЕРЕ: Односите со САД остануваат стабилни, ги поздравуваме КРИТИКИТЕ?

Портпаролот на заминувачката косовска влада, Перпарим Криезиу, по одлуката на САД да го суспендира стратешкиот дијалог со Косово изјави дека односите со САД остануваат стабилни. Тој, исто така, на Фејсбук изјави дека

Баер со домашен триумф над Ајнтрахт

На отворањето на новото Бундеслигашко коло викендов, вечерва тимот на Баер Леверкузен на домашен терен успеа да слави со конечни 3:1, над тимот на Ајнтрахт Франкфурт. Домаќинот на овој меч добро го

Генералното собрание на ОН усвои декларација за дводржавно решение за Палестина и Израел

Генералното собрание на Обединетите нации со огромно мнозинство усвои декларација која предвидува „конкретни, временски ограничени и неповратни чекори“ кон дводржавно решение меѓу Израел и Палестина, пред состанокот на светските лидери кон крајот

Мицкоски: Апасиев и Мециновиќ си префрлале пари од партиската сметка на Левица

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на собраниската седница за опозициски прашања покажа документи и списоци за коишто рече дека ги добиле од свиркачи во врска со партискиот објект на Левица и од кои

Ѓорѓиевски на одбележувањето на 30 години македонско-американски односи

Градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, вечерва присуствуваше на свеченото одбележување на 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Настанот се одржа
Go toTop