Израел: Бен-Гвир сака да стави крај на политиката за враќање на телата на убиените Палестинци

May 8, 2023
1 min read

ЕРУСАЛИМ (АА) – Екстремно десничарскиот министер за национална безбедност на Израел, Итамар Бен-Гвир, ја повика израелската Влада да ја запре практиката на враќање на телата на Палестинците обвинети за напади врз Израелците, јавува Анадолу.

Повикот се случи веднаш откако министерот за одбрана, Јоав Галант, рече дека задржувањето на телата на Палестинците не влијае на палестинските вооружени групи.

Израелската Влада во петокот ги предаде телата на тројцата Палестинци убиени во престрелка со израелските сили на окупираниот Западен Брег во март.

Бен-Гвир во својата изјава ја оцени владината одлука како голема грешка што ќе има сериозни последици.

„Сè уште не е доцна да се води моќна и офанзивна безбедносна политика“, додаде Бен-Гвир.

Бен-Гвир во неделата го бојкотираше неделниот состанок на Владата во знак на протест против владините политики, во најновиот јаз меѓу екстремно десничарскиот министер и премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Бен-Гвир во четвртокот објави дека шестмина членови на неговата партија во Кнесетот нема да гласаат за одлуките на Владата поради несогласување со нејзините потези.

Тој беше особено лут од, како што смета, слабиот одговор на израелската војска на ракетниот оган од Газа по смртта на затвореникот Хадер Аднан, кој штрајкуваше со глад.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: „Решително ќе ја продолжиме борбата против терористичките организации и силите зад нив“

Следно

Голем протест денеска во Белград: „Србија против насилството“

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop