Цените на нафтата паѓаат три недели по ред

May 8, 2023
1 min read

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за 5,3 отсто, на 75,30 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот падна за 7,1 отсто, на 71,34 долари

На светските пазари минатата недела цените на нафтата паднаа, трет пат по ред, а во еден момент паднаа на најниските нивоа за една и пол година, бидејќи централните банки дополнително ги зголемија каматните стапки, што ќе го забави растот на економиите и побарувачката за „црното злато“.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за 5,3 отсто, на 75,30 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот падна за 7,1 отсто, на 71,34 долари. Тоа е трета недела по ред како цените паѓаат, што е незабележано од ноември минатата година, кога во еден момент паднаа на најниските нивоа од крајот на 2001 година.

Ова е резултат на загриженоста на трговците за побарувачката, имајќи предвид дека минатата недела американската и европската централна банка повторно ги зголемија каматните стапки за 0,25 процентни поени. Со ваквото заострување на монетарната политика, кое трае од почетокот на минатата година, централните банки се обидуваат да ја потиснат инфлацијата, што значи забавување на растот на побарувачката и економијата.

А тоа пак значи слабеење на побарувачката на нафта. Загриженоста за побарувачката е последица и на кризата на неколку регионални американски банки, чијшто колапс би имал негативно влијание врз најголемата светска економија.

Трговците се надеваа дека закрепнувањето на кинеската економија, по укинувањето на рестриктивните мерки за ковид, ќе ја поттикне побарувачката за нафта. Сепак, ова беше постигнато само делумно бидејќи закрепнувањето не беше толку силно како што се очекуваше.

Пазарот е поддржан од шпекулациите за можно дополнително намалување на производството од страна на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници со цел да се балансира пазарот и да се поддржат цените. По падот три недели по ред, цените на нафтата се во значителен дефицит од почетокот на годината. Во однос на почетокот на годината, цената на барелот на лондонскиот пазар падна за околу 12 отсто, а на американскиот за околу 11 отсто.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пјер- Емерик Обамејанг најави во кој клуб ќе се пресели

Следно

(ВИДЕО) Ердоган на предизборен митинг во Истанбул: Ќе ги закопаме оние што се про-ЛГБТ во гласачките кутии

Latest from Blog

Мицотакис најави модернизација и надградба на безбедноста на грчката железница

Огромната иницијатива за модернизација на грчката железница продолжува и се забрзува, користејќи ги и европската помош и нашите сопствени лекции научени од реструктурирањето на други компании во криза, рече грчкиот премиер Кирјакос

Киев: Доколку Русија сака мир, мора веднаш да ги прекине непријателствата во Украина

ИСТАНБУЛ (АА) – Киев денес соопшти дека Москва мора „веднаш“ да ги прекине непријателствата во Украина доколку навистина сака мир откако рускиот претседател Владимир Путин објави едностран прекин на огнот на три

Кос: Мора да застанеме против автократиите – Кошта од Софија: Ќе работиме со Македонија за надминување на проблемот

За првпат надворешни сили сакаат да пропадне процесот на проширување на Унијата, оцени еврокомесарката Марта Кос. Во посета на Чешка, таа нагласи дека светот забрзано се менува, а проширувањето мора да успее

Студентите утре ќе им се придружат на родителите на жртвите од Кочани на протестот „Марш на ангелите“

Универзитетското студентско собрание на УКИМ ја дава својата јавна поддршка на протестниот марш „Марш за ангелите“, кој ќе се одржи утре, 29 април 2025 година, во Скопје, во организација на семејствата настрадани
Go toTop