Потресни сведоштва на лекарите за масовните убиства во Србија: Ми се јави ќерка ми од соседната училница

May 7, 2023
4 mins read

Во Итната помош имаме симулации, мислев дека сите сценарија што сум ги смислувала за вежби се најлошите, но ова беше пострашно од најстрашното кое можев да го смислам. Никој не можеше да не подготви за тоа што го затекнавме во училиштето, раскажува лекарка од Итната медицинска помош

Лекари барале да останат да работат и по завршување на смената. „Полесно ми е да се грижам за некој пациент со инфаркт отколку да размислувам за тоа што го видов утрото“, велеле некои од нив

Хирург, кој се грижел за пациентите од масакрот кај Младеновац раскажува дека ја оперирал најтешко ранетото девојче: „Таа е родена 2005. Имаше искрвавено и немавме време за ништо. Истрчавме во сала, девојчето е иста генерација како мојата ќерка и во лифтот ни рече: ’Нема да умрам, нели?‘“

Уште еден хирург, пак, раскажа како течела операцијата на најтешко ранетото момче во масакрот во училиштето. Имало прострелна рана на градниот кош и на вратот, како и заглавен куршум во ребрата. Додека го оперирале, дознале дека детето е син на нивен колега

За двете масовни убиства во Србија во кои имаше вкупно 17 жртви, интервенираа голем број лекари и здравствени работници. Што затекнале на терен, колку тешко било во операционите сали и како после две големи трагедии изгледа грижата за ранетите пациенти, за српскиот јавен сервис РТСhttps://www.rts.rs/vesti/drustvo/5186503/pucnjava-ribnikar-mladenovac-ubistva-doktori.html зборуваа тројца лекари: докторката Ивана Стефановиќ од Итната медицинска помош и двајца хирурзи од Клиничкиот центар во Белград, Златко Перишиќ и Милан Савиќ.

Докторката Стефановиќ зборуваше за масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, каде 13-годишниот ученик Коста К. уби осум ученици и чуварот, а рани шест деца и една наставничка.

„Ова беше пострашно од најстрашното сценарио што сум можела да го смислам“

Масовното убиство се случи минатата среда (3 мај) кога лекарите од Итната медицинска помош биле на состанок на кој реферирале за тоа што се случувало претходните четири дена односно за време на продолжениот празничен викенд. Од тие причини, не ни знаеле што се случува во основното училиште.

„Мене ми се јави моето дете од училницата која е до онаа училница каде беа убиени децата и бараше да испратиме екипа, наставничката ѝ рекла да ме повика иако некој претходно веќе повикал“,

раскажува докторката Стефановиќ, чија ќерка е ученичка во „Владислав Рибникар“.

Така, оние што биле на состанокот дознале дека има пукање во училиштето, но никој не го сфатил тоа сериозно бидејќи, како што вели, мислеле дека е лажна дојава за бомба.

„Тргнавме кон кол-центарот да видиме дали имало повик. Веќе имало примено повик и биле испратени три екипи“,

вели докторката.

Понатаму таа раскажува:

„Размислував каде ми е детето, како да стигнам до него. Во следните 20 секунди добивме стравична вест дека има најмалку десет тешко повредени и јас тргнав со првата наредна екипа која беше планирана да оди таму, така што на самото место пристигнавме како четврта медицинска екипа“.

Во меѓувреме, вели Стефановиќ, се слушнала со нејзината ќерка која наставниците ја однеле во другиот дел од училиштето и знаела дека е на безбедно.

„Колку и да беа страшни вестите, никој не можеше да не подготви на она што таму го затекнавме. Мислев дека на колегите ќе им помагам во преврски на некои полесни повреди, во смирување на ситуацијата. Тргнав бидејќи ги знам таму наставници и ако може да им се најдам за нешто, а потоа го затекнавме тоа што го затекнавме. Во таков момент мора да се заледите за да можете професионално да ја извршите својата работа и ние тоа го направивме“,

вели Стефановиќ.

Важно е, нагласува докторката, да останете со ладна глава и да размислувате за тоа што можете да го направите.

„Никој на факултет нас не нè подготвува за масовни несреќи, но ние во Итната помош имаме симулациски центар и јас мислев, бидејќи работам во едукативниот центар, дека сите сценарија што ги смислував се најстрашните можни сценарија и кога ќе се случи нешто, колегите ќе може да се снајдат. Ова (во училиштето) беше пострашно од најстрашното сценарио кое можев да го смислам“,

вели докторката.

Попладнето на кобниот ден, околу 16-17 часот некои нејзини колегите повеќе не можеле да работат, а други барале да ги испратат на терен кога ќе има повик за некој инфаркт.

„Некои зборуваа: ’Полесно ми е да се грижам за таков пациент отколку да размислувам за тоа што го видов утрото‘“. Различни сме сите, различно реагираме на стрес, важно е на себе да си признаеме дека не ни е добро за да можеме да работиме“, вели Стефановиќ.

„Нема да умрам, нели?“, го прашало едно од ранетите девојчиња по докторот

Хирургот Златко Перишиќ од Клиничкиот центар на Србија, пак, во истата емисија зборуваше за неговото искуство кобната ноќ помеѓу четвртокот и петокот кога се случи масакрот кај Младеновац, додека тој бил на дежурство.

„Дежурав следниот ден (по убиството во основното училиште) во четвртокот. Тоа дежурство не беше исто како претходните. Без разлика на тешката работа, ние знаеме да се пошегуваме, но тој четврток сите молчевме, сите вработени во Ургентниот центар“,

вели хирургот.

Во текот на денот, вели тој, имале многу операции, меѓу кои и неколку итни, а ноќта околу 23:30 часот го повикала колешка од одделот за реанимација и му соопштила дека има ново масовно убиство.

„Бев во сала, ги немавме вистинските информации. Стопирав се, се симнав во долниот дел од зградата каде е реанимацијата, ги повикав сите хирурзи. Сите беа тука, чекавме“,

вели Перишиќ.

Потоа екипите почнале да ги носат првите пациенти.

„Не бев загрижен дали можеме да се справиме. Имаме капацитет, имаме многу операциони сали. Почнавме да правиме иницијална дијагностика. Третиот пациент беше девојче родено 2005 година. Кога видов како изгледа донесов одлука истиот момент да влезам со неа во салата без никаква дијагностика, без ултразвук. Таа имаше искрвавено и немавме време за ништо. Истрчавме во сала, девојчето е иста генерација како мојата ќерка и во лифтот ни рече: ’Нема да умрам, нели?‘“,

раскажува докторот.

Тој понатаму раскажува како течела операцијата и дека кога започнала, не можеле да ја препознаат анатомијата бидејќи девојчето имало три прострелни рани.

За среќа, девојчето било спасено.

Додека го оперирале најтешко ранетиот ученик, дознале дека е син на нивен колега

Вториот хирург кој гостуваше на РТС, Милан Савиќ, се грижел за најтешко повреденото момче од масакрот во училиштето „Владислав Рибникар“.

„Немаше време за детална дијагностика. Имаше една прострелна рана на вратот, прострелна рана низ градниот кош и куршум кој се заглавив кај петото ребро. Моравме прво витално да го стабилизирање поради крвавењето од градниот кош. Поради повредата на вратот не можевме на класичен начин да пристапиме кон отворање на градниот кош. Тогаш добивме информација дека тоа е дете на наш колега. Тоа е врсник на мојата ќерка, но кога долго ја работите оваа работа мора да се исклучите и да помогнете. Така што, јас и докторката Тања Еминовиќ ја направивме првата операција, го запревме крвавењето и суштински гледавме како да се реши ситуацијата со вратот. Тука беа и васкуларните хирурзи и ортопедите поради повредата на ’рбетот. Потоа преминавме кон вадење на куршумот“,

раскажува лекарот.

Тој вели дека успеале да го спасат момчето и да го вратат во живот и се надева дека ќе има што помалку последици.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Алегри не брза да се радува на влегувањето на Јувентус во зоната на Лигата на шампионите

Следно

Претседателот на Тотенхем подготвен да ја плати ослободителната клаузула за Алонсо

Latest from Blog

Исплатени 139.965.962 денари, финансиска поддршка за остварено и продадено производство на пченица

Денес се изврши исплата кон 3.420 лица со вкупен износ 139.965.962,00 денари за мерката 1.3 Финансиска поддршка за остварено и продадено производство на пченица од Програмата за изменување и дополнување на Програмата

ВМРО-ДПМНЕ: Кумата на хаосот на јавниот превоз Арсовска, го доведе Скопје на раб на колапс, ние сме подготвени за реформи доколку има отчетност и план

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека самопрогласенаата „реформаторка“ на јавниот сообраќај, повторно успеа да го доведе Скопје на раб на колапс. „Неспособната Арсовска кој ае и кума на хаосот со јавниот превоз глуми загриженост

Академик Попов: Само преку рамноправен дијалог и соработка со соседите и ЕУ може да дојдеме до разумни и прифатливи решенија

Во обраќањето по повод Денот на МАНУ, нејзиниот претседател, академик Живко Попов, денеска се осврна на пречките на земјава на патот на зачленување во Европската Унија.  Како што рече, пријателството, спремноста за

Мицкоски: Владата и ФЗО ги разгледуваат финансиските можности за да се зголеми капитацијата на матичните лекари

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија „КОСТАЛ“ Македонија во Општина Охрид. По настанот одговарајќи на новинарско

Мицкоски за уставните измени: Нашите црвени линии ги дефиниравме, од тоа не се поместуваме ниту милиметар

Ние нашите црвени линии ги дефиниравме. И од тоа ниту ние, ниту кој било ќе се помести, ниту милиметар. Не затоа што имаме какви било причини за да правиме напред или назад,
Go toTop