Во Србија од утре засилени полициски патроли во училиштата, трговските центри, плоштадите и парковите

May 7, 2023
1 min read

Полициски патроли од утре ќе бидат во близина на секое училиште во Србија, а засилено полициско присуство ќе има на сите јавни места каде што се собираат поголем број луѓе. Ова е една од мерките кои ја најавија српските власти по двата кравави масакри кои се случија во Младеновац и во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. Видливо полициско присуство ќе има во трговските центри, парковите и на плоштадите, најави во гостување на „Пинк“, Данило Стевандиќ, државен секретар во српското министерство за внатрешни работи.

„Ќе се обидеме во најбрз можен рок и сигурно ќе успееме да го зголемиме бројот на полицајци кои ќе бидат во училиштата. Од утре изутрина ќе има полициски патроли пред секое училиште при пристигнувањето на учениците на училиште, за време на промената на утринските и попладневните ученички смени, по завршувањето на училишната работа, кои превентивно ќе делуваат за безбедноста на учениците и вработените во училиштето. За време на часовите ќе има училишни полицајци кои ќе ги извршуваат своите работни задачи како што тоа го правеа во изминатите 20 години“

потенцира Стевандиќ.

Стевандиќ се осврнува и на една од мерките која се фокусира на разоружувањето и предавање на оружјето.

„Една од мерките е да се изврши разоружување и да се испрати јавна покана до сите лица кои живеат на територијата на Република Србија да донесат такво оружје во најблиската полициска станица. Министерот Гашиќ вчера издаде наредба која се однесува на предавање на нерегистрирано оружје и муниција. И од утре до 8 јуни можат да го предадат во најблиската полициска станица, без правни последици“,

рече Стевандиќ.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Индија станува најмногубројна земја на светот: Бројката на населението ќе расте до 2064 година

Следно

Хитхорн – холандско село без патишта за автомобили

Latest from Blog

Деребан е татко на три првачиња: Децата ми се најголема инспирација, богатство и благослов

Заменик министерот за правда, Ален Деребан, е татко на три дечиња-првачиња. Деребан е од Струга, по образование е магистер по право од областа на меѓународно право и  меѓународни односи, со положен правосуден

Берзанска сесија со 10,72 милиони денари промет – денес доминираат КБ, Тетекс и НЛБ

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 17 март 2026 година, индексот МБИ10 порасна за 0,19% и достигна 9.965,80 поени, додека

Спалети добива нов договор од Јувентус

фото: JuventusFC (X) Според денешното издание на Газета Дело Спорт, тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети е многу близку до потпишување на нов договор со клубот. Истиот би бил со траење со 2027
Go toTop