Пребарувал како да избегне затворска казна – завршено вештачењето на телефонот на момчето кое пукаше во белградското училиште

May 6, 2023
1 min read

Вештачењето на телефонот на 13-годишното момче Коста К., кое уби осум ученици и чуварот на училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград, покажало дека тој истражувал како да избегне затвор, објави српски „Блиц“. Повикувајќи се на извори од истрагата, медиумот пренесува дека момчето на интернет го пребарувало Кривичниот законик во Србија и се интересирало дали малолетници можат кривично да одговараат.

„Врз основа на истрагата, се заклучува дека нападот на училиштето го организирал сега бидејќи знаел дека до 14-от роденден има нешто повеќе од два месеци и дека му останувало уште толку време да не биде кривично одговорен ако го изврши злосторството“,

пренесува Блиц, повикувајќи се на добро упатени извори од истрагата.

Исто така, како што пренесуваат српските медиуми, утврдено е дека К.К. ноќта пред масовното убиство гледал филм за масакр во училиште во САД.

Како што претходно соопшти полицијата, осомничениот го планирал убиството повеќе од еден месец, а при претресот беа најдени списоци и планови за тоа како да го изврши масакрот во училиштето.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) Десетици уапсени демонстранти за време на крунисувањето на кралот Чарлс и кралицата Камила

Следно

Андрес Иниеста на 39 години ќе прави нов трансфер

Latest from Blog

Божиновска: Поддршката од ЕУ е силен ветер во грб за реформите

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари продуктивна средба со амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас. На средбата се разговараше за реформите во енергетскиот сектор, унапредувањето на законодавството и

Трансфери: Езе наскоро и официјално во Арсенал! Антони повторно во Бетис, што ќе биде со Едерсон?!

ФОТО: BRFOOTBALL/X Како што се наближува крајот на летниот преоден рок, станува се поинтересно, посебно на Островот. Како што пренесуваат медиумите во Англија, трансферот на Еберечи Езе од Кристал Палас во Арсенал

Земјите на НАТО и испорачаа оружје на Украина во вредност од 50 милијарди долари во 2024 година

Земјите-членки на НАТО испорачаа оружје во вредност од 50 милијарди долари на Украина во 2024 година, а се очекува понатамошен раст на воените испораки, изјави претседателот на воениот комитет на НАТО, Џузепе

Мицкоски: Програмата која ја ветивме во најголем дел Вие ја остваривте

На настанот Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ кој започнува денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски имаше свое обраќање. -Честта е одгромна да се присуствува на политичкиот саем кој е

Распишан е референдум во Република Српска за пресудата на Додик, објавено е прашањето

Според усвоениот текст, референдумот треба да се одржи на 25 октомври 2025 година, пишува Klix.ba, пренесе Индекс. „Дали ги прифаќате одлуките на неизбраниот странец Кристијан Шмит и пресудата на неуставниот Суд на
Go toTop