Уапсен малолетник во Ниш: Се заканувал дека ќе убие повеќе од 30 луѓе

May 6, 2023
1 min read

Заканата тој ја објавил на Инстаграм, а по приведувањето судот во Ниш му определил притвор

Полицијата во Ниш уапсила 17-годишник бидејќи на својот Инстаграм профил објавил закана дека во Ниш ќе бидат убиени повеќе од 30 луѓе, јавува „Јужне вести“.

По наредба на Вишото јавно обвинителство во Ниш, полицијата го привела малолетникот под сомнение за кривично дело предизвикување паника и неред.

„Осомничен е дека вчера на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм објавил порака во која се заканува дека утре во Ниш ќе бидат убиени повеќе од 30 луѓе“,

велат од српската полиција.

Малолетникот бил изведен пред Вишиот суд во Ниш од каде му определиле притвор.

Ова е само од неколкуте случаи со закани од малолетници за масовни убиства што беа регистрирани во регионот по масакрот во средата кога 13-годишник во основно училиште во Белград уби девет лица (чуварот и осум деца). И во Скопје вчера бил регистриран случај кога дете во основно училиште вперило пластичен пиштол кон други ученици по што во присуство на стручните служби и родителите полицијата изврши разговор со него.

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

*Поврзани вести:

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Пукано врз автомобилот на турскиот амбасадор во Картум, Чобаноглу

Следно

Граѓаните од Шуто Оризари започнуваат петиција за функционална поликлиника во општината

Latest from Blog

Објавено видео од бегството на осомничениот за убиството во Кирк, во тек е масовна потрага

Министерството за јавна безбедност во американската држава Јута објави видео од осомничениот за убиството на најпознатиот американски десничарски активист, Чарли Кирк. Снимката покажува човек како трча преку покривот на училишната зграда, а

Дневен хороскоп за петок, 12. септември 2025

Овен Работа: Ќе имате можност да покажете иницијатива преку дополнителни задачи што бараат брзи одлуки. Ќе бидете во центарот на вниманието и од вас ќе се очекува да донесете решенија за целиот
Go toTop