Кралот Чарлс Трети е крунисан – се заколна дека ќе ги почитува законот и црквата

May 6, 2023
1 min read

Впечатлив момент беше што по крунисувањето, престолонаследникот, неговиот син, принцот Вилијам во бакна во образот. Вилијам со сопругата Кејт Мидлтон се во првиот ред на церемонијата. Присутен е и вториот син на кралот, принцот Хари, кој седи во задните редови со останатите членови на поширокото кралско семејство. Хари допатува во Лондон без сопругата Меган Маркл, и се очекува набрзо по церемонијата да се врати во САД каде ќе го прослави роденденот на неговиот син Арчи

Принтскрин / Би-би-си

Британскиот крал Чарлс Трети и официјално е крунисан на церемонијата што денеска се одржува во Вестминстерската опатија.

Крунисувањето на кралот беше означено со ставање на круната на Свти Двард на главата на Чарлс Трети.

Чинот се случи на средина од церемонијата што ја води нактербрејскиот надбискуб Џастин Белби.

Претходно Чарлс Трети положи заклетва во која кажа дека ќе го почитува законот и Англиската црква за време на своето владеење и потврди дека е „верен протестант“.

Откако во Вестминстерската опатија седеше на историскиот кралски престол, кралот доби кралски меч „за да ја заштити правдата, црквата и народот“, а доби и други кралски обележја како што се жезол, палка, златко јаболко, ракавица и прстен.

Плотуни беа испукани во моментот на крунисувањето на 11 локации низ Обединетото Кралство, вклучувајќи ги Единбург, Кардиф и Белфаст, како и од бродови на британската кралска морнарица.

Кралот беше крунисан пред повеќе од 2 300 гости, меѓу кои бројни шефови на држави и членови на кралски семејства.

Принтскрин / Би-би-си

Впечатлив момент беше што по крунисувањето, престолонаследникот, неговиот син, принцот Вилијам во бакна во образот. Вилијам со сопругата Кејт Мидлтон се во првиот ред на церемонијата. Присутен е и вториот син на кралот, принцот Хари, кој седи во задните редови со останатите членови на поширокото кралско семејство. Хари допатува во Лондон без сопругата Меган Маркл, и се очекува набрзо по церемонијата да се врати во САД каде ќе го прослави роденденот на неговиот син Арчи.

Покрај него, за кралица беше крунисана и неговата сопруга Камила.

Двајцата во Вестминстерската опатија дојдоа од Бекингемската палата со кочија.

Воени чети маршираа низ улиците на центарот на Лондон, а стотици војници учествувааt во поворката.

По завршувањето на церемонијата во Вестминстерската опатија, кралот и кралицата со кочија се упатија назад кон Бакингемската палата каде се очекува да биде и традиционалното појавување на балконот. Пред почетокот на церемонијата на крунисување, неизвесно беше кој се ќе се појави со нив.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Израелските сили убија двајца Палестинци на окупираниот Западен брег

Следно

УЕФА објави акциски планови за клупските финалиња

Latest from Blog

Зеленски: Крим и припаѓа на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го отфрли тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека „Крим ќе остане со Русија“, истакнувајќи оти полуостровот и припаѓа на Украина. „Нашиот став е непроменет: само украинскиот

Финалето од Купот на Македонија ќе се игра на Националната арена „Тодор Проески“

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесена е одлука финалето од Купот на Македонија да се одигра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Финалниот натпревар

Во престрелката на Бит Пазар загина 31-годишен маж

Министерството за внатрешни работи соопшти дека 31-годишен маж со иницијали А.С. од Скопје почина од повредите здобиени при пукање попладнево во близина на Полициската станица во Бит Пазар. Претдходно преку соопштение полицијата

ФФМ донесе одлука за отпочнување на постапка за проект воспоставување ВАР – Фаза 2

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесена е одлука за отпочнување на постапка за проект воспоставување ВАР – Фаза 2 и отпочнување на постапка за проект
Go toTop