Девојче од Србија заврши во полиција: Се исмевала со масакрот во училиштето и го величала убиецот

May 6, 2023
1 min read

Од МВР на Србија соопштија дека со оглед дека станува збор за малолетно девојче, ќе бидат поднесени пријави против нејзините родители

Припадници на специјални единици на српското МВР / EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Малолетно девојче во Србија заврши на информативен разговор бидејќи се исмевала со масакрот во училиштето „Владимир Рибникар“ на Врачар во Белград.

Девојчето во видео на Тикток го величала и осомничениот 13-годишен извршител на убиството Коста К.

„Коста кога тогаш ќе излезе од затвор, но тие никогаш нема да излезат од сандаците“,

вели девојчето во видеото.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) на Србија за тамошните медиуми соопштија дека со оглед дека станува збор за малолетно девојче, ќе бидат поднесени пријави против нејзините родители.

Во пукање во основното училиште во средата наутро, 13-годишникот уби девет лица (чуварот и осум деца) и рани седуммина.

*Поврзани вести:

Обвинителството од Белград: Момчето не може кривично да одговара, нема наполнето 14 години

Момчето само се јавило во полиција и пријавило дека пукало, имало список и план, објави српското МВР

Судот во Белград му одреди 30-дневен притвор на таткото на момчето кое уби осум ученици и чувар

Адвокатката на таткото на момчето кое уби деветмина во училиште: Оружјето е чувано согласно законот

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ердоган: „Со турската економија управуваа функционери на ММФ, а тоа го сменивме“

Следно

Меси се извини поради патувањето во Саудиска Арабија: Ми беше организирано од порано и не можев да го откажам

Latest from Blog

Санкциониран возач кој со возило се движел по велосипедска патека во скопски Бутел

Во врска со објавеното видео во дел од медиумите на кое се гледа како патничко возило “Ауди” со скопски регистарски ознаки се движи по велосипедска патека на ул. “Бутелска” ве известуваме дека

Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“

Во рамките на постапката што се води за предметот Адитив, како резултат на екстрахираните електронски докази обезбедени во досегашната постапка, предметните обвинители донесоа Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица.
Go toTop