Ердоган: „Со турската економија управуваа функционери на ММФ, а тоа го сменивме“

May 6, 2023
1 min read

ЕРЗУРУМ (АА) – Претседателот на Туркије и претседател на владејачката Ак партија, Реџеп Таип Ердоган, вчера изјави дека е многу важно за Туркије да стане енергетски независна во иднина, известува Анадолу.

„Ќе продолжиме со напорите за истражувањата на природен гас и нафта на копно и во море. Ќе продолжиме со напорите сѐ додека не постигнеме енергетска независност“, рече Ердоган во своето обраќање пред граѓаните на собирот на АК партијата во Ерзурум.

Тој истакна дека во изминатите 21 година успеале да направат сѐ што претходно не е постигнато за дури 80 години.

„Сега пред нас е нова ера, а таа се вика ‘Столетие на Туркије’. Ја поставивме инфраструктурата за овој идеал со чекорите што ги презедовме во изминатите 21 година. Пред нас во државата постоеја проблеми на патиштата, болниците, училиштата, универзитетите, спортските објекти, но ние сето тоа го решивме“, рече Ердоган и додаде:

„Пред нас Туркије имаше проблеми и со производството, проблем на зависност од други држави, но и тоа го решивме. Пред нас Туркије беше слаба и нејака, со чија економија управуваа функционерите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), но и тоа во потполност во сменивме.“

Ердоган потсети дека одамна успеале да го отплатат целиот долг кон ММФ.

Во својот говор пред граѓаните на Ерзурум, Ердоган рече и дека Туркије пред АК партијата да дојде на власт била држава на која други ѝ биле потребни во борбата против терористичките организации.

„Но повеќе не чекаме оружје или дозвола од другите. Со беспилотните летала, хеликоптерите АТАК, авионите Кизилелма кои сами ги произведуваме, ги неутрализираме терористите“, посочи Ердоган.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Мисајловски: Законите за „Бехтел и Енка“ не се реформски за да бидат со европско знаменце, добро е што ЕУ кажа „не“

Следно

Девојче од Србија заврши во полиција: Се исмевала со масакрот во училиштето и го величала убиецот

Latest from Blog

Зајакнати мерки за непрописно паркирани возила во централно градско подрачје

Денеска (24.04.2025) во периодот од 17:00 до 20:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се зајакнати мерки за санкционирање на непрописно паркираните возила низ

Претседателката на ДКСК осомничена во случајот Адитив – одобрени мерки за претпазливост

Мерки за претпазливост за претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска, осомниичена во предметот „Адитив“. Кривичниот суд попладнево го прифати барањето на обвинителството за организиран криминал и корупција и одобри привремено одземање на патната

Санкциониран возач кој со возило се движел по велосипедска патека во скопски Бутел

Во врска со објавеното видео во дел од медиумите на кое се гледа како патничко возило “Ауди” со скопски регистарски ознаки се движи по велосипедска патека на ул. “Бутелска” ве известуваме дека
Go toTop