Проф. д-р Људмил Спасов: Денот на македонскиот јазик значи ден на гордоста

May 5, 2023
2 mins read

Меѓународниот научен собир „Од збор до речник“ се одржува во духот на силно изразено чувство на национално достоинство. На 4 мај, првиот ден од собирот го чествуваме Гоце Делчев, нашиот идеолог, револуционер и визионер, а денеска на 5 мај, вториот ден на собирот, го чествуваме Денот на македонскиот јазик. Два датума врежани во македонската национална и културна меморија. Ова денеска го истакна д-р Катица Топлиска-Евроска од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков “ – Скопје во оваа јубилејна година (1953 – 2023), по 27. пат ја организира традиционалната манифестација „Денови на Благоја Корубин“, во чии рамки се одржува Меѓународен научен собир „Од збор до речник“.

Универзитетскиот професор и претседател на Советот за македонски јазик Људмил Спасов истакна дека Денот на македонскиот јазик значи ден на гордоста, ден кога се сумираат резултатите од она што е направено и она што треба да се направи однапред.

Тој информира дека вечерва во Кинотека бесплатно ќе се прикажува филмот „Јанѕа“, кој го следи животот и делото на професорот, академик, поет и еден од кодификаторите на македонскиот литературен јазик Блаже Конески. На 6 мај се планира премиера на овој филм во Домот на културата во Битола. Се планира филмот да се прикажува низ целата држава и пошироко.

Ние успеавме преку Советот и благодарение на целата академска заедница, да се отвори од есенва лекторат или настава по македонски јазик на Универзитетот во Корча „Фан С. Ноли“ затоа што таму живее голем дел македонска заедница, но и други заедници… Најновата вест е дека сме на најдобар пат да се отвори таков лекторат во рамки на Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана, нагласи Спасов.

Македонскиот јазик, како што рече, станува европски јазик и луѓето што ќе го слушаат ќе добиваат сертификати кои ќе им служат во кариерниот развој.

Директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Елена Јованова Грујовска потсети дека ова е петта година како се одбележува Денот на македонскиот јазик во земјава.

 Да ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, порача Јованова Грујовска. Додаде дека минатата година и оваа во речиси сите образовни институции се одбележува 5 Мај.

Таа ги соопшти добитниците на првите три награди и оние кои добија пофалници за најдобар есеј од основните и средните училишта и од универзитетите. Наградниот конкурс на тема „Јазикот наш денешен“ беше објавен на 21 Февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Наградите ќе им бидат врачени на добитниците на празнувањето на јубилејот на Институтот – 70 години од основањето, на 26 јуни 2023 година. Конкурсот го поддржа „Фондацијата Заев – Едно општество за сите“ со фонд од 135.000 денари ги наградува деветте добитници на наградите.

Се вреднува трудот, талентот, желбата за натпревар и желбата да се твори на мајчин, македонски јазик, нагласи Јованова Грујовска. Упати порака дека ние се грижиме за македонскиот јазик, од најмали до најголеми.

Иван Котев, кој е еден од учесниците на Меѓународниот научен собир, по повод 5 Мај им подари свои дела на Институтот за македонски јазик и на директорката Јованова Грујовска.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

РЕЖИСЕРОТ ДЕМИЕН ШАЗЕЛ НА ЧЕЛО НА ЖИРИТО ЗА ЗЛАТЕН ЛАВ ВО ВЕНЕЦИЈА

Следно

Украинци почнаа да ораат мини

Latest from Blog

Гаши: Локалните избори ќе бидат распишани кон крајот на јули или почетокот на август

На денешниот брифинг со новинарите претседателот на Собранието, Африм Гаши најави дека локалните избори ќе бидат распишани кон крајот на јули или почетокот на август. Тој додаде дека е побарана јавна расправа

Битола го одбележува Меѓународниот ден на џезот

Младинскиот културен центар – Битола (официјален младински клуб на УНЕСКО) за одбележување на Меѓународниот ден на џезот ќе организира концерт во живо на Филип Динев Трио во среда на 30 април 2025 година со почеток во 22.00

Таравари: Не може друг да кажува кој треба да биде во Владата освен премиерот

Не може друг да кажува кој треба да биде во Владата освен премиерот, изјави денеска министерот за здравство и лидер на Алијанса за Албанците во коалицијата Влен во Владата Арбен Таравари. Изјавите

Павел: Трамп се залага за мир по секоја цена без оглед на последиците за Европа

Чешкиот претседател Петр Павел го осуди денеска тоа што, како што рече, САД вршат многу поголем притисок врз Украина отколку врз Русија и оцени дека американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да

Најмногу дожд во Крушево, времето денеска нестабилно, наместа со поројни врнежи и грмежи

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Крушево, 26 литри на квадратен метар. Според мерењата на УХМР за наврнат воден талог  во изминатото деноноќие, до 8 часот се измерени 13 литри
Go toTop