Кина: Навлегувањето на НАТО во Азија ќе го поткопа мирот во регионот

May 5, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Кревајќи го алармот во однос на наводното проширување на НАТО во Азија, Кина рече дека тоа „ќе ги поткопа регионалниот мир и стабилноста“, јавува Анадолу.

„Азија е сидро на мирот и стабилноста и перспективно тло за соработка и развој, а не боречко поле за геополитички натпревар“, рече Мао Нинг, портпаролка на кинеското Министерство за надворешни работи, пред новинарите во Пекинг.

Мао истакна дека „континуираното упаѓање на НАТО кон исток во Азија и Пацификот и мешањето во регионалните работи неизбежно ќе ги поткопа регионалниот мир и стабилноста и ќе предизвика конфронтација“.

Таа одговараше на извештаите дека НАТО соработува со Јапонија за отворање својата прва азиска канцеларија во Токио.

„Ова бара голема будност кај земјите од регионот“, рече Мао.

Во својот дофат кон Азија и Пацификот, НАТО ќе ја отвори својата прва азиска канцеларија во Јапонија, објави „Никеи Азија“ вчера.

Канцеларијата за врски во Токио „ќе ѝ овозможи на воената алијанса да спроведува периодични консултации со Јапонија и со клучните партнери од регионот, како што се Јужна Кореја, Австралија и Нов Зеланд, додека Кина се појавува како нов предизвик, паралелно со нејзиниот традиционален фокус на Русија“.

Во меѓувреме, Пекинг ги обвини Соединетите Американски Држави (САД) дека го претвориле Тајван во „буре барут“.

Осврнувајќи се на посетата на 25 американски изведувачи од областа на одбраната, на островската земја оваа недела, заменичката на министерот за надворешни работи на Кина, Хуа Чунјинг, на Твитер напиша: „САД го претвораат Тајван во буре барут. Она за што американската Влада навистина се грижи не се жителите на Тајван, туку полнењето на џебовите на американските продавачи на оружје.“

Таа рече дека американските одбранбени компании разговараат за „производство на повеќе беспилотни летала и оружје за островот“.

Кина го смета Тајван за своја „отцепена провинција“, додека Таипеи инсистира на својата независност од 1949 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турски МИТ во Северен Ирак неутрализира баран терорист на ПКК/КЏК

Следно

Улични кучиња нападнаа маж и жена во Скопје

Latest from Blog

Стоилковски: И покрај фаталните грешки, лекцијата во СДС не е научена

На телевизија Алфа во емисијата „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ гостуваше Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ кој дискутираше за евроинтегративниот пат на Македонија и блокадите од страна на Бугарија, се вели во соопштението

Проданоски: Засадени 6.000 дабови садници на Маркови Кули: Голема еколошка акција во Прилеп

Голема акција за пошумување беше реализирана на локалитетот Маркови Кули во Прилеп, каде во рамки на проект финансиран од Бирото за регионален развој беа засадени вкупно 6.000 садници на даб. Акцијата се

Велбек го „угаси“ Ливерпул

Во првиот дуел од денешната програма во Премиер лигата, тимот на Брајтон со двата гола на Дени Велбек на свој терен успеа да го победи со конечни 2:1, тимот на Ливерпул, и

Проданоски: Со 6.000 нови дабови садници ја зајакнуваме зелената иднина на Прилеп

Во рамки на проектот за пошумување на споменикот на природата „Маркови Кули“, денеска беа засадени 6.000 садници на даб на локалитетот над новите градски гробишта на патот кон Трескавец. Акцијата, која се
Go toTop