Српски медиуми: Расте број на мртви – тројца убиени кај Младеновац, напаѓачот сè уште пука?

May 4, 2023
1 min read

Последната информација која ја објави „Телеграф“ е дека полицијата успеала да го опколи осомничениот кој наводно сè уште пука кон полицајците

По првичните информации за двајца убиени, српските медиуми објавија дека бројот на жртви од вечерашното пукање кај Младеновац се зголемил на тројца.

Порталот „Телеграф“ јавува дека меѓу убиените се и 20-годишен полицаец и неговата сестра, а повеќе лица се ранети.

Пукањето започнало во селото Дубона кај Младеновац. Неофицијално, како што пишуваат повеќе српски медиуми, настанала расправија во училиштен двор, по што напаѓачот заминал и се вратил со оружје од кое пукал.

Со автомобил „мерцедес“ тој избегал, а додека бегал, тој истовремено продолжил да пука.

Бројни полициски екипи се на терен, блокирани се патиштата и трае потрагата по напаѓачот, кој наводно е 21-годишно момче со иницијали У. Б.

Последната информација која ја објави „Телеграф“ е дека полицијата успеала да го опколи осомничениот кој наводно сè уште пука кон полицајците.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

(ВИДЕО) Ново пукање во Србија: Седум ранети, има и убиени

Следно

Српскиот министер за внатрешни работи: Ова е терористички акт

Latest from Blog

Таму и кралот оди пешки- принцот Вилијам снимен во јавен тоалет на Копакабана (ВИДЕО)

43-годишниот принц од Велс имаше голем број активности за време на неговата посета на Бразил оваа недела, вклучувајќи прошетка околу островот Пакета и посета на статуата на Христос Спасителот. Но, помеѓу посетата

Започнува чистењето на Скопје, Меџити: Ова е почеток на едно ново поглавје за Скопје

По неколку тешки недели, кога Скопје беше преплавено со отпад поради блокади и негрижа, градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, заедно со премиерот Христјан Мицкоски и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва излегоа
Go toTop