Малолетничка со нож повредила ученик и наставничка во белградска гимназија

May 4, 2023
2 mins read

Во случајот, според порталот Н1, станува збор за девојче родено 2007 година, кое, како што кажале од полицијата, со нож им нанело исеченици на момче и на наставничка во оваа белградска гимназија. Овој случај доаѓа во момент кога целата нација се опоравува од шокот по вчерашното масовно убиство во основното училиште на Врачар

Српската полиција приведе поранешна ученичка во гимназијата „Руѓер Бошковиќ“, која со нож повредила ученик и професорка во ова средно училиште во Белгрда, јавуваат тамошните медиуми.

Полиција во Белград (Илустративна фотографија)/Фото/EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Во случајот, според порталот Н1 станува збор за девојче родено во 2007 година, кое, како што кажале од полицијата, со нож им нанело исеченици на момче и на наставничка во оваа белградска гимназија.

Таа веднаш била приведена во полиција.

Денеска, пак, полицијата во босанскиот град Бихаќ уапси младич кој на социјалните мрежи објавил дека ќе изврши масакр во средното училиште во кое учел, објави регионалниот сервис на Радио Слободна Европа, пренесувајќи ја изјавата на министерот за внатрешни работи на Унско-санскиот кантон на Босна и Херцеговина, Божидар Живко.

Како што јавија локалните медиуми, станува збор за возрасен млад човек кој е поранешен ученик во Мешовитото средно училиште во Бихаќ. Тој преку социјалните мрежи објавил статус во кој се заканува дека ќе направи сличен масакр како оној во Белград во кој загинаа осум ученици и чуварот на училиштето.

Овие случаи следуваат во момент кога целата Србија се опоравува од шокот по вчерашната трагедија во основното училиште „Владисалв Рибникар“, каде што 13-годишно момче со пиштол уби осум ученици и работник од обезбедувањето. Тој пукал со пиштол калибар 9 милиметри, а со себе носел и малокалибарски пиштол и четири молотови коктели.

Сите поврзани вести со масовното убиство во Белград:

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

56-годишник нападнат од двајца малолетници кај Кале

Следно

ПСЖ го засили обезбедувањето по навивачките протести

Latest from Blog

Напад со беспилотно летало врз нуклеарна централа на ОАЕ, избувнал пожар

Напад со беспилотно летало предизвика пожар во нуклеарна централа во Обединетите Арапски Емирати, соопштија денес официјални лица во Абу Даби, во момент кога, се чини дека е запрен напредокот во напорите за

Барселона сепак е пресилна за Бетис

И покрај фактот што позициите на табелата во Примера го најавуваа вечерашниов дуел помеѓу Барселона и Бетис како дерби, сепак, на Ноу Камп домаќинот само ја потврди својата класа сезонава. Барселона победи

Откриен планот на Израел: Тајни пустински бази за напади врз Иран

Неодамнешните откритија на „Волстрит џурнал“ покажуваат дека Израел изградил база во западната пустина на Ирак за употреба во војната што започна во февруари 2026 година. Сепак, ирачките претставници изјавија за „Њујорк тајмс“
Go toTop