Заврши увидот во училиштето во Белград, телата на убиените деца и чуварот се подигнати од местото

May 3, 2023
1 min read

Сегашни и поранешни вработени и ученици во ова школо доаѓаат да запалат свеќа и да положат цвеќе

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Заврши увидот во Основното училиште „Владислав Рибникар“ во белградската општина Врачар, каде што утрово ученик уби осум деца и чувар.

По околу од седум часа увид, како што јавува РТС, полицијата го напуштила местото на настанот и сообраќајот околу училиштето е пуштен.

Неколку полицајци се останати на влезот на училиштето, а сегашни и поранешни вработени и ученици во ова школо доаѓаат да запалат свеќа и да положат цвеќе.

Отстранети се и заштитните ленти, а училиштето го напуштиле и форензичките екипи на српското МВР.

Од Јавното комунално претпријатие за погребни услуги, пренесува РТС, со две возила ги подигнале телата на жртвите.

Во меѓувреме, од Институтот за ментално здравје во Србија е оформен тим кој ќе им дава поддршка на семејствата и од утре, како што најавија, секојдневно ќе им биде на располагање.

*Други поврзани вести:

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Скопјанец со нож се обидел да нападне контролорка во автобус на ЈСП

Следно

Меси заминува од ПСЖ

Latest from Blog

Трајановски: Обезбедени се 44 милиони денари за санација на регионален пат

Денеска заедно со градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев, Претседателот на Совет Стојанче Рамов, заменик директорот на ЈП Македонијапат Александар Шуковски и стручниот тим од ЈПДП извршивме увид во градежните активности на

Албанија прва во светот ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција

Албанскиот премиер Еди Рама на седница на Националното собрание на Социјалистичката партија ја претстави првата министерка во историјата, креирана со вештачка интелигенција, наречена Диела. Рама, кој го почнува својот четврти мандат, изјави

Синот на Роналдињо потпиша за Хал Сити

фото: Hull city (X) Синот на бразилската фудбалска легенда, Роналдињо денеска потпиша за англискиот клуб Хал Сити. Клубот од Чемпионшип, кој се наоѓа на 17-то место на стартот на сезоната, се договори
Go toTop