Чавушоглу: Во Москва на 10 мај состанок на министрите за надворешни работи на Туркије, Русија, Сирија и Иран

May 3, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Туркије, Русија, Иран и сирискиот режим планираат да одржат четирилатерална средба на 10 мај во Москва, соопшти денес турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, пренесува Анадолу.

Во телевизиско интервју, Чавушоглу ја истакна потребата од соработка во борбата против терористичките организации, нагласувајќи дека Анкара „нема [фрлено] око на сириските територии“.

Прашан за тоа дали Туркије ќе вети дека ќе ги повлече своите трупи од северна Сирија на разговорите, Чавушоглу рече дека таквиот потег може да се имплементира како последен чекор откако Сирија ќе одржи целосна стабилност.

Во декември, министрите за одбрана и шефовите на разузнавањето на Туркије, Русија и сирискиот режим се состанаа во Москва и се договорија да продолжат со трипартитните состаноци со цел обезбедување стабилност во Сирија и поширокиот регион.

Иран, исто така, беше вклучен во разговорите, при што Туркије претходно изјави дека на Анкара ќе ѝ биде „мило доколку Иран биде вклучен во овој процес“.

Во врска со судирите во Судан, Чавушоглу истакна дека Туркије досега има евакуирано најмалку 2.061 лице, од кои 1.763 турски државјани, од земјата поради неколкунеделните борби меѓу Армијата и паравоената група.

„Со воен авион ќе се евакуира и турскиот медицински персонал од Судан“, рече тој, додавајќи дека турската Амбасада од главниот град Картум привремено ќе биде преместена во Порт Судан, од каде што ќе се врши евакуацијата.

Запрашан за инаугурацијата на „Споменикот на Немезис“ во ерменскиот главен град Ереван, Чавушоглу истакна дека Туркије го затвора својот воздушен простор за летовите од Ерменија до други држави.

„Ако продолжат [да инсистираат на споменикот], ќе бидат преземени дополнителни чекори“, нагласи Чавушоглу.

Споменикот им оддава почит на извршителите на атентатите врз османлиските и азербејџанските официјални претставници во раните 1920-ти години.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Полска вс. Германија, судирот во срцето на Европа

Следно

Поројните врнежи од дожд во Руанда предизвикаа поплави и свлечишта во кои загинаа 55 лица

Latest from Blog

Во келијата на Васев пронајдени три мобилини телефони, тој тврди дека не се негови

Во келијата на поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Нино Васев пронајдени се три мобилни телефони, за кои тој пред судот изјави дека не се негови. Судијката Славица Наумовска Јосифовска,

Објавено видео од бегството на осомничениот за убиството во Кирк, во тек е масовна потрага

Министерството за јавна безбедност во американската држава Јута објави видео од осомничениот за убиството на најпознатиот американски десничарски активист, Чарли Кирк. Снимката покажува човек како трча преку покривот на училишната зграда, а

Дневен хороскоп за петок, 12. септември 2025

Овен Работа: Ќе имате можност да покажете иницијатива преку дополнителни задачи што бараат брзи одлуки. Ќе бидете во центарот на вниманието и од вас ќе се очекува да донесете решенија за целиот
Go toTop