(ВИДЕО) Во пукањето во училиште во Белград убиени осум деца и чуварот – насобраните родители не можат да дојдат до децата

May 3, 2023
1 min read

На терен се десет возила на Брзата помош и полицијата. Таму се и министерката за здравство Даница Грујичиќ и министерот за образование Бранко Ружиќ. Голем број насобрани родители не можат да дојдат до децата. Како што јави репортерот Н1, областа околу местото на престрелката е блокирана

Осум ученици и чуварот загинаа во престрелката која утринава се случи во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар, ги потврдиле сознанијата на порталот Н1 од српското Министерството за внатрешни работи.

Како што се наведува во соопштението на МВР, ранети се шест деца и еден наставник, кои во моментов се згрижени во Ургентниот центар.

Ученикот од ова училиште Коста Кецмановиќ (14), кој е осомничен дека го сторил ова кривично дело, бил пронајден и уапсен во училишниот двор, информираат од српското МВР.

Сите полициски сили сè уште се на терен и интензивно работат на расветлување на сите факти и околности кои довеле до оваа трагедија.

На терен се десет возила на Брзата помош и полицијата. Таму се и министерката за здравство Даница Грујичиќ и министерот за образование Бранко Ружиќ. Голем број насобрани родители не можат да дојдат до децата. Како што јави репортерот Н1, областа околу местото на престрелката е блокирана.

Полицијата се обидува да ги избрка родителите од местото на настанот. Родителите надвор од училиштето велат дека ништо официјално не им е кажано. Влегуваат во расправија со полицијата.

Полицијата го блокира влезот во улицата „Крал Милутин“ каде што се наоѓа училиштето.

На местото на престрелката има неколку полициски патроли. Во сила е полициската акција „Вихор“.

Поврзани вести:

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дел од улиците во Скопје денес, попладне и утре ќе бидат затворени за сообраќај

Следно

Авторски концерт на Љупчо Коскаров во организација на „Охридско лето“

Latest from Blog

Германија е домаќин на преговори за прекин на огнот во Украина

Германија стана центар на дипломатските напори за постигнување прекин на огнот во Украина овој викенд, домаќин на американски и украински делегации за клучни разговори. Овие разговори претходат на самитот што ќе се

Катица Јанева излезе од „Идризово“, доби условен отпуст

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева од понеделникот е на условен отпуст и го напушти затворот „Идризово“, откако издржуваше дел од седумгодишната затворска казна изречена во предметот „Рекет“, објави СДК. Како што

ЗК Пелагонија со „АгроЕкоСтаница“ ги отвора вратите за зелени вештини и паметно земјоделство

Центарот за обука на ЗК Пелагонија отвори уникатна можност за идните, но и за постоечките земјоделци, ученици и студенти да учат од реални примери, да предвидуваат ризици, да применуваат современи технологии и
Go toTop