Поројните дождови причина за смртта на 14 лица во Пакистан

May 2, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Поројните дождови во Пакистан викендов предизвикаа поплави во кои животот го загубија 14 лица, известува Анадолу.

14 лица загинаа, од кои 9 туристи, во несреќите предизвикани од врнежите што започнаа пред 3 дена во различни делови на Пакистан.

Информирајќи дека возило со 9 туристи паднало во река во долината Нилум во пакистанската област Азад Кашмир, полицијата истакна дека по долги напори за потрага и спасување, туристите не можеле да бидат пронајдени и дека ги изгубиле надежите за нивно пронаоѓање.

Во несреќните настани предизвикани од поројните дождови, 4 лица загинаа во провинцијата Белуџистан на југозападот на земјата, а едно дете го загуби животот во Карачи, главниот град на провинцијата Синд.

Премиерот на Пакистан, Шахбаз Шариф, ги повика тимовите за помош при катастрофи и вработените во патишта да бидат внимателни поради можно лизгање на земјиштето.

Врнежите се очекува да продолжат во текот на целата недела во некои делови од земјата.

Во поплавите што се случија во Пакистан минатата година животот го загубија 1.739 лица, а од катастрофата беа погодени 33 милиони луѓе.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Во „чевлите“ на лицата со попреченост –секојдневна битка да се влезе дома, во автобус, па дури и на доктор

Следно

Грчката полиција трага по нарачателот на убиството на новинарот Карајваз

Latest from Blog

Пет пати пукал во поранешната сопруга додека спиела, па на суд себеси се нарекол „херој“

63-годишниот Дариел Лонг е прогласен за виновен и за кражба, тежок напад предизвикувајќи тешка телесна повреда, тежок напад предизвикувајќи тешка телесна повреда со смртоносно оружје и прекршочно малтретирање. Полицијата била повикана во

Бразил воведува целосна забрана за обложување, на граѓанит еим се отпишуваат до 90 проценти од долговите

Овие потези доаѓаат пред претседателските избори следниот месец. Анкетите покажуваат тесна трка помеѓу сегашниот претседател и сенаторот Флави Болсонаро, најстариот син на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро. Онлајн обложувањето ќе биде забрането
Go toTop