Министерство за надворешни работи на Палестина: Израелската Влада одговорна за смртта на Кадер Аднан

May 2, 2023
1 min read

САРАЕВО (АА) – Министерството за надворешни работи на Палестина остро го осуди „грозоморното злосторство на израелските окупаторски сили што доведе до убиството на Кадер Аднан“, јавува Анадолу.

Министерството соопшти дека ја сметаат израелската Влада целосно и директно одговорна за ова злосторство.

„Шеикот Кадер Аднан 86 дена штрајкува со глад во израелски окупаторски затвор во знак на протест поради неговото апсење без обвинение. Неговото убиство е резултат на одбивањето на Израел да го ослободи и политиката на медицинско запоставување на палестинските затвореници“, соопшти палестинското Министерство.

Се додава дека Министерството ќе го достави досието за ова убиство до Меѓународниот кривичен суд.

„Министерството, исто така, ја повикува Меѓународната истражна комисија, која е на терен на окупираната палестинска територија, вклучително и Источен Ал-Кудс (Ерусалим) и во Израел да го истражи ова грозоморно злосторство што е дел од сериозното кршење на меѓународното хуманитарно право од страна на Израел и злоупотребата на меѓународните човекови права“, се додава во соопштението на Министерството за надворешни работи на Палестина.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Суспендирани вработени во затворот „Идризово“ поради ископаниот тунел

Следно

Апсења во Кисела Вода, Аеродром и Гази Баба поради дрога

Latest from Blog

Синот на Роналдињо потпиша за Хал Сити

фото: Hull city (X) Синот на бразилската фудбалска легенда, Роналдињо денеска потпиша за англискиот клуб Хал Сити. Клубот од Чемпионшип, кој се наоѓа на 17-то место на стартот на сезоната, се договори

ФБИ објави: Ова е оружјето со кое бил убиен Чарли Кирк

Американското ФБИ објави нови детали за оружје пронајдено во шумска област за која веруваат дека е локацијата каде што избегал вооружениот напаѓач, пишува Би-Би-Си. Службениците потврдија за Си-Би-Ес дека станува збор за

Коњановски: Ова е само почеток на одбојкарската револуција во Битола!

Со почетокот на новата сезона, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на отворањето на новата одбојкарска платформа која ќе обезбеди подобри услови за тренинг и натпревари. „Ова е инвестиција во иднината
Go toTop