(ФОТО+ВИДЕО) Масовни првомајски протести во Франција – во фокус пензиските реформи

May 1, 2023
1 min read

Француската полиција употреби солзавец на денешните судири со демонстрантите во Париз, Лион и Нант откако дел од нив искршија излози на продавници и банки. Поради судирите, во Париз се приведени 30 лица

Првомајскиот марш е продолжение на масовните демонстрации кои изминатиов период ја зафатија цела Франција по одлуката на францускиот претседател Емануел Макрон да ја зголеми старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години

По повод Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај, денеска низ цела Франција маршираа илјадници луѓе, на како што велат синдикалните организации, најголемите првомајски демонстрации во земјата во последните години.

Целта на синдикатите е овогодинешниот 1 Мај да влезе во историјата на земјата, а проценетата излезност на протестите е од 500 илјади до еден милион луѓе низ целата држава.

EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Француската полиција употреби солзавец на денешните судири со демонстрантите во Париз, Лион и Нант откако дел од нив искршија излози на продавници и банки. Поради судирите, во Париз се приведени 30 лица.

EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

На синдикатите им се придружија активисти за правата на работниците и од други земји, активисти за заштита на животната средина и демонстранти кои се борат за економска правда. Протестираа и активисти кои се против Олимпијадата во Париз во 2024 година и нејзиното влијание врз општеството и животната средина.

Како дел од масовните протести, демонстрантите направија потсмевни ликови на Макрон и на министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин.

Се палеа и човечки фигури со ликот на францускиот претседател.

Управниот суд во Париз денеска го потврди полицискиот декрет со кој на властите им се дозволува да користат дронови за време на првомајските протести во француската престолнина. Така, на француската полиција ѝ е одобрено да користи дронови за следење на толпата на протестите. Дел од активистите поднесоа жалба против овој потег, велејќи дека употребата на беспилотни летала на овој начин ги крши основните права.

Првомајскиот марш е продолжение на масовните демонстрации кои изминатиов период ја зафатија цела Франција по одлуката на францускиот претседател Емануел Макрон да ја зголеми старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години. Синдикатите на оваа реформа гледаат како на закана за правата на работниците, додека Макрон тврди дека таа е неопходна за иднината на Франција.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Бензема стана татко по четврти пат: Љубовницата му роди дете, а тој уште е во брак

Следно

Турскиот национален борбен авион ќе се вика „КААН“

Latest from Blog

Од 1 Јануари идната година минималецот во Србија ќе биде 551 евро, зголемување за 36 отсто во однос на 2024 година

Минималната цена на трудот, која ќе биде зголемена за 10,1 процент за 2026 година, се утврдува по работен час без даноци и придонеси, за календарската година, најдоцна до 15 септември во тековната

Тудор: Дербито со Интер е повеќе од само три бода, мислам дека можеме до Скудето

Тренерот на Јувентус, Игор Тудор, пред саботното дерби со Интер одговараше на новинарски прашања за очекувањата од дербито. „Овој натпревар вреди повеќе од три бода; полесно ми е да се подготвам за
Go toTop