Путин го смени и генерал Мизинцев – заменикот-министер за одбрана, задолжен за логистика на руската армија 

April 30, 2023
1 min read

Според соопштението на руското Министерство за одбрана, на негово место е поставен Алексеј Кузменков, поранешен функционер на Националната гарда

Руската армија го смени Михаил Мизинцев, генералот задолжен за логистика на вооружените сили на земјата, соопшти руското Министерство за одбрана, пренесува АФП.  

Смената на Мизинцев, како што наведува агенцијата, се случува пред најавената контраофанзива на украинските сили. 

Генералот на руската армија Михаил Мизинцев/Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Според соопштението на руското Министерство за одбрана на негово место е поставен Алексеј Кузменков, поранешен функционер на Националната гарда.  

„Кузменков е именуван на местото заменик-министер за одбрана на Руската Федерација, задолжен за логистичка поддршка на вооружените сили“,

се наведува во соопштението на Министерството. 

Сепак, во соопштението не се наведени причините за смената на генералот, кој на оваа функција беше само седум месеци.  

Мизинцев е под британски санкции поради неговата улога во опсадата на украинскиот пристанишен град Мариупол, кој руските војници го зазедоа пред една година. 

Познат во дел од западните медиуми како „Касапот од Мариупол“, Мизинцев беше назначен за заменик-министер задолжен за логистика неколку дена откако претседателот на Русија ја најави кампањата за делуман мобилизација во септември, минатата година. 

Мизинцев, кој е со чин генерал-полковник, претходно ја извршуваше функицијата начелник на Центарот за контрола на националната одбрана на Русија.  

Руската инвазија на Украина откри големи логистички проблеми во армијата на земјата кои станаа особено видливи за време на минатогодишната хаотична кампања за мобилизација. 

Смените на генерали од раководни позици се честа околност во редовите на руската војска од почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари, минатата година.  

Пред само неколку месеци, односно на почетокот на јануари, генералот Сергеј Суровкин беше сменет од позицијата командант на здружените сили во „специјалната воена операција во Украина“ – како што Москва ја нарекува инвазијата на оваа земја и на негово место беше поставен началникот на генералштабот на руските сили, генерал Валериј Герасимов.  

Суровкин, кој руските медиуми го нарекоа „генерал Армагедон“, поради неговата наводна немилосрдност, беше командант на руските сили во Украина само три месеци.  

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

СТАРОВРЕМСКИ ФОТОГРАФИИ

Следно

Судан: Воздушните напади се интензивираат – поранешен функционер вели дека конфликтот може да стане полош од оние во Сирија и Либија

Latest from Blog

Марсиал ќе игра во Мексико за Монтереј

Францускиот интернационалец, Ентони Марсиал, се сели во Мексико. Поточно во тимот на Монтереј, кој што одлучи да го откупи искусниот напаѓач, од тимот на АЕК Атина каде што досега настапуваше. Марсиал во

Фон дер Лајен најави воведување на возрасна граница за користење социјални мрежи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најави воведување на возрасна граница за користење на социјалните мрежи. До крајот на годината, тие ќе формираат експертска група која ќе го разгледа најдоброто

Филип Поповски е носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Битола

Битола – Универзитетскиот професор д-р Филип Поповски ќе биде носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори во општина Битола. Поповски е вонреден и редовен професор на Техничкиот факултет при

ВМРО-ДПМНЕ: Месечната стапка на инфлација во август, споредено со јули, се намали од 4,9 на 4,4 проценти

Да се грижеше Венко Филипче за животот на граѓаните и инфлацијата, која во време на СДС беше двоцифрена и го јадеше стандардот на граѓаните, немаше над пола милион да остават на раб

Меџити го најави почетокот на големата трансформација на улицата „Ферид Мурат“ во Чаир

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска го презентираше еден од најголемите инфраструктурни проекти во општината – целосна реконструкција и трансформација на улицата „Ферид Мурат“. Проектот, кој опфаќа делница долга
Go toTop