Чавушоглу: Туркије помогна во спречувањето на светската криза за храна

April 30, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Спречена е глобална криза за храна благодарение на Договорот за пренос на жито преку Црното Море, истакна турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, набројувајќи ги успесите на „претприемничката, хуманитарна и ефикасна“ надворешна политика на Анкара за време на руско-украинската војна, пренесува Анадолу.

„Го спроведовме Истанбулскиот договор за жито со ОН. Спречивме светска криза за храна“, напиша Чавушоглу на Твитер.

Туркије, Обединетите нации (ОН), Русија и Украина потпишаа договор во Истанбул минатиот јули за продолжување на извозот на жито од трите украински пристаништа на Црно Море, кој беше прекинат по почетокот на руско-украинската војна во февруари 2022 година, што ја влоши глобалната снабденост со храна.

Чавушоглу потсети дека министрите за надворешни работи на Русија и Украина се сретнаа првпат по избувнувањето на војната на маргините на Дипломатскиот форум во Анталија на 10 март 2022 година.

Туркије, исто така, помогна во размената на затвореници меѓу Москва и Киев и ги помогна контактите меѓу руската државна Агенција за атомска енергија (РОСАТОМ) и Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), додаде турскиот министер.

„Ја имплементираме Конвенцијата од Монтре“ што го регулира поморскиот сообраќај низ турските мореузи, истакна Чавушоглу.

Туркије доби пофалби во светски рамки за нејзините напори за ставање крај на војната што започна минатата година во февруари.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Портрет на Ацо Шопов во списанието „ Ел Нуево Хералд“ во Мајами

Следно

Си-Ен-Ен: Холанѓанец станал татко на над 500 деца па добил судска забрана за донирање сперма

Latest from Blog

Со концертот „Бесмртна“: Бојана Скендеровски заокружи едно животно и уметничко поглавје

Вчеравечер во Филхармонија не се одржа само концерт, вчеравечер се случи едно долго чекано признание… Признание на времето, на истрајноста и на сонот што тивко растел, цели 23 години. Бојана Скендеровски конечно

Бројот на жртви во нападот во Сиднеј се искачи на 16 лица – напаѓачите биле татко и син

Полицијата во Нов Јужен Велс потврди дека 16 лица, вклучувајќи го и еден вооружен човек, се убиени во пукотница на плажата Бонди во Сиднеј. Другиот напаѓач е во критична состојба. Полицискиот комесар
Go toTop