По 51 ден Киев повторно ракетиран: Напади и во други градови, меѓу загинатите се жена и 3 годишно дете (ВИДЕО)

April 28, 2023
1 min read

Предупредувања за воздушен напад рано утрово се издадени во цела Украина, а во неколку градови во далечните региони, вклучително и во Киев, извршени се и ракетни напади во кои досега загинале најмалку пет лица, меѓу кои и едно тригодишно дете.

Како што јави Би-Би-Си, во Дњепар загинале жена и тригодишно дете.

Фотографии објавени на социјалните мрежи од градот Уман покажуваат тешко оштетена деветкатна зграда откако била погодена.

Шефот на воената управа во областа Ихор Табуретс информира дека во тој напад загинале три лица, а осум се повредени.

Новинската агенција Интерфакс Украина, повикувајќи се на локални извори, јави дека по полноќ биле пријавени експлозии и во Кременчук и Полтава во централна Украина, во Миколаев на југ, како и во Киев и во регионот околу главниот град.

Во Киев, системот за противвоздушна одбрана собори 11 проектили и два беспилотни летала, соопштија локалните власти.

Шефот на воената администрација на Киев изјави дека ова е прв руски ракетен напад врз главниот град во последните 51 ден.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се бара привремено сместување и финансиска помош за двете семејства во Ченто чии домови ги зафати пожар

Следно

Суданската војска се согласи да го продолжи примирјето за уште 72 часа

Latest from Blog

ЦРНА ГОРА ЈА УКИНА „НЕДЕЛА НЕРАБОТЕН ДЕН“

Уставниот суд на Црна Гора го прогласи за неуставен и го укина членот 35.а од црногорскиот Закон за внатрешна трговија, кој го регулираше прашањето за неработните недели во продавниците. Судот оцени дека

Лига на Шампиони осмо коло: Елиф и Наполи на дуел со Челзи, Арсенал го пречекува Каират, Баерн оди во Холандија кај ПСВ

Денеска на програмата се мечевите од осмото коло од овогодинешната Лига на Шампиони, во кое мора да се признае дека нема некое поголемо дерби. Сепак, во оваа конкуренција се најдобрите екипи во

Комерцијална банка, Алкалоид и Стопанска банка најтргувани – МБИ10 со пад од 0,24%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На денешната берзанска сесија од 28 јануари 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,24%, спуштајќи се на

Амазон ќе отпушти 16.000 работници во најновата рунда намалувања на работни места

Американската компанија „Амазон“ денес објави дека во најновата рунда на намалување на бројот на вработени, ќе отпушти околу 16.000 работници, по октомврискиот бран отпуштања, кога 14.000 луѓе ги загубија своите работни места.
Go toTop