Кривична против скопјанец, нападнал пет лица во авто центар

April 14, 2023
1 min read

Денеска (14.04.2023) од страна на Единица за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава по брза постапка за против К.С.(32) од Скопје, поради основано сомнение дека извршил кривични дела „насилство“ и „напад на службено лице при вршење работа на безбедност“, казниви по чл. 386 и чл.383 од Кривичниот законик.

Тој се сомничи дека на 13.04.2023 во 14.00 часот во авто сервис на подрачјето на Чаир во Скопје, се однесувал агресивно и со тврди предмети ги нападнал Д.З.(41) од Скопје и вработените З.А., Р.K., В.И.(42), како и Г.А.(42) од Скопје, вработен како обезбедување кој вршел службени дејствија. Во координација со Јавен обвинител, полициски службеници веднаш го лишиле од слобода К.С., а во текот на денот со кривичната пријава ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка, информираа од МВР. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија: Зад конфискацијата на финансиските средства стојат „бандитски“ намери

Следно

Осомничениот за протекувањето на доверливите документи од Пентагон ќе биде изведен пред суд

Latest from Blog

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение
Go toTop