Египетскиот министер Шукри: Подобрувањето на односите со Туркије е важно и за регионот

April 14, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри вчера пристигна во службена посета на Туркије на покана на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, известува Анадолу.

Шукри изјави дека неговите разговори со Чавушоглу биле насочени кон јакнење на билатералните односи и проширување на соработката во политичката, економската и културната сфера.

„Имаме заедничка визија и силна политичка волја зад себе за да ги активираме односите во двете земји, односите на Туркије и Египет и да ги унапредиме на сите полиња“, изјави Шукри.

Тој рече дека и двете страни се договориле околу „специфична временска рамка“ за подигнување на дипломатските односи на повисоко ниво, додавајќи дека таа ќе биде објавена „во соодветен момент во рамките на подготовките за Самитот на ниво на претседатели, кој ќе ја означи кулминацијата на патот што го започнале“.

„Понатамошното подобрување на односите со Туркије е важно и за регионот“, истакна Шукри.

Тој се осврна и на ситуацијата во Либија, наведувајќи оти се согласува дека либиските институции треба да ги преземат своите одговорности и таму да се одржат пристојни и транспарентни избори, да се избере влада што ќе ја одразува волјата на либискиот народ и „да се зачува териоријалниот интегритет на Либија“.

Што се однесува за палестинското прашање, Шукри ја пофали Туркије за нејзината активна улога во „праведната војна“ на Палестинците против „израелската агресија“.

Тој ја повтори поддршката на Египет во решавањето на палестинско-израелското прашање.

Чавушоглу на 18 март беше во официјална посета на Египет, на покана на министерот Шукри.

Чавушоглу беше првиот министер за надворешни работи на Туркије кој по 11 години го посети Египет.

За време на посетата, Чавушоглу рече дека Туркије и Египет ќе ги издигнат своите дипломатски односи на највисоко ниво „што е можно поскоро“.

Дипломатските односи меѓу Анкара и Каиро беа на ниво на вршители на должноста по воениот удар во Египет во 2013 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Поради временските услови одложено лансирањето на првиот набљудувачки сателит од турско производство

Следно

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Latest from Blog

Легендите на клубот се менуваат како на лента… Радосав Петровиќ е нов спортски директор на ФК Партизан

Превирањата, новитетите и промоциите на нови ликови во ФК Партизан периодов се случуваат секојдневно и јавноста во Србија буквално оди со вести во низа кога е во прашање клубот од стадионот ЈНА.

Меџити: Чаир влегува во нова фаза од изградбата на плоштадот „Скендербег“

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, соопшти дека Владата донела одлука за пренос на сопственоста на земјиштето на плоштадот „Скендербег“ на Општина Чаир, со што, како што наведе, се отстранува последната административна

Катастрофа во Венецуела: Над 43.000 лица водат како исчезнати по разорни земјотреси

Според најновите информации, сè уште нема никаков контакт со 43.251 пријавено лице, иако оваа бројка бележи благ пад во однос на претходниот ден. Официјалните власти соопштија дека досега е потврдена смртта на

Комуналец Прилеп продолжува со уредување и естетско обликување на градското зеленило

Екипите на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп продолжуваат со активностите за естетско кроење и обликување на зеленилото на повеќе локации во градот. Во рамки на акцијата се уредуваат зелените површини кај Споменикот на

Коњановски: ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ добива современи спортски терени

Започна реконструкцијата на спортските игралишта во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола, каде што ќе бидат изградени три нови модерни спортски терени. Увид во почетокот на градежните работи извршија градоначалникот на Општина Битола,
Go toTop