(ФОТО) Тревога во Јапонија: Северна Кореја истрела нов проектил

April 13, 2023
1 min read

На жителите на островот Хокаидо им беше порачано да се евакуираа, но за околу половина час предупредувањето беше повлечено

Патници гледаат во таблата каде се споделува известување за прекин во железничкиот сообраќај по издаденото предупредување од јапонските власти / Фото: EPA-EFE/JIJI PRESS JAPAN OUT EDITORIAL USE ONLY

Северна Кореја повторно истрелала проектил утрово, потврдија од крајбрежната стража на Јапонија и од Генералштабот на Јужна Кореја.

Лансирањето на ракетата предизвика тревога кај Јапонците на северот на земјата каде беше издадена наредба за евакуација која во рок од 30 минути беше повлечена.

Сирените се огласија на Хокаидо кој е вториот најголем остров во Јапонија, а на тамошните жители им беше кажано „веднаш да се евакуираат“. Беше прекинат и железничкиот сообраќај. Потоа, јапонските власти соопштија дека проектилот не паднал во близина на островот и го повлекоа предупредувањето.

Тензиите во овој регион растат изминатиот период бидејќи од почетокот на 2023 година Северна Кореја истрела околу 30 проектили. Се верува дека тие повеќето досега се среден или поголем дострел, но засега за денешното лансирање сè уште нема повеќе официјални информации какво оружје било тестирано.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида рече дека поради денешното лансирање ќе се одржи состанок на Советот за национална безбедност.

Во меѓувреме, јапонската крајбрежна стража соопшти дека денешниот проектил паднал во водите на истото на Северна Кореја.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Анчелоти: Можеше многу подобро од ова

Следно

Од последиците на циклонот Фреди во Малави погинаа над 1.000 лица

Latest from Blog

Трамп го пречека кралот Чарлс во Белата куќа со црвен тепих и 21 плотун (ВИДЕО)

Кралот и кралицата беа пречекани државнички пред Белата куќа со највисоки церемонијални почести, објави Дејли меил. Американскиот лидер, за кого извори велат дека инсистирал првата дојдовна државна посета од неговиот втор мандат

Општина Прилеп со активности за разубавување на зелените површини во градот

Денеска на улицата „Прилепски бранители“, на потегот од семафорите до кружниот тек кај Здравствен дом од двете страни на улицата , се реализираше акцијата за засадување на зимзелени, украсни и грмушкести растенија.

Уредени јавни површини и нови садници во срцето на Прилеп

Денеска на улицата „Прилепски бранители“, на потегот од семафорите до кружниот тек кај Здравствен дом од двете страни на улицата , се реализираше акцијата за засадување на зимзелени, украсни и грмушкести растенија.
Go toTop