Кирби: Има мало американско воено присуство во американската амбасада во Украина

April 12, 2023
1 min read

Прашан за „протечените“ доверливи документи на Пентагон кои сугерираат дека во Украина има американски специјални сили кои дејствуваат во земјата разурната од војна, Кирби рече дека нема да објаснува во детали

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, денеска за „Фокс њуз“ откри дека во американската амбасада во Украина има „мало присуство на американската војска“, но нагласи дека „нема промена во одлуката дека нема да има американски војници кои се борат во Украина во оваа војна“.

Прашан за „протечените“ доверливи документи на Пентагон кои сугерираат дека во Украина има американски специјални сили кои дејствуваат во земјата разурната од војна, Кирби рече дека нема да објаснува во детали.

„Прецизно да одговорам на прашањето: да, има мало американско воено присуство во амбасадата во Киев поврзано со Канцеларијата на аташеата за одбрана. Тие ни помагаат да работиме на одговорноста за материјалот што влегува и излегува од Украина“,

рече Кирби, мислејќи притоа на оружјето и другата воена поддршка што САД ја испраќаат во Киев.

Кирби, кој зборуваше на маргините на патувањето на претседателот Џо Бајден во Северна Ирска, истакна дека тие специјални сили не се борат на бојното поле, но од „Фокс њуз“ додаваат дека американските сили во Киев обезбедуваат и безбедносни услуги.

„Нема промена на ставот на претседателот дека во Украина нема да има американски војници кои се борат во оваа војна“,

нагласи Кирби.

Зборувајќи за односите на САД со сојузниците по објавувањето на доверливите информации, Кирби додаде:

„Правиме отворени обиди да допреме до релевантните сојузници и партнери за да им објасниме најдобро што знаеме што умееме. И ние не знаеме многу во моментов, но мора да се увериме дека тие разбираат оти ова го сфаќаме многу сериозно, дека отворивме кривична истрага и контроли низ Министерството за одбрана за да ги утврдиме последиците по националната безбедност.“

Кирби додаде дека Вашингтон не зне што друго може да поседува поединецот или луѓето што ги објавуваат овие документи, и што сè уште може да објават.

„Нема да зборувам за содржината на некои од овие обелоденети документи. Мислам дека сфаќате оти правиме се што мора за да ја заштитиме нашата национална безбедност. Ова е повреда на напата способност да заштитиме некои информации и ние сериозно го сфаќаме тоа“,

додаде тој.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Во Вашингтон средба на премиерот на Украина и американскиот секретар за одбрана

Следно

ЛШ: Елмас и Наполи доживеаа минимален пораз од Милан, Реал убедлив против Челси

Latest from Blog

Пoчина политичкиот активист Чарли Кирк

Политичкиот активист и подкастер Чарли Кирк почина, објави Доналд Трамп на Truth Social. Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес објави дека конзервативниот активист Чарли Кирк почина откако беше застрелан на настан во

Градското дерби на Манчестер осакатено: 12 играчи го пропуштаат неделниот меч на „Етихад“

Голем бран на повреди ги погоди таборите на Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед пред големото дерби кое ќе се игра на „Етихад“ овој викенд. Двата тима ќе го дочекаат дербито со „десеткуван“

РК Загреб поразен во Битола – Еурофарм Пелистер стартува со победа во Лигата на шампиони

Еурофарм Пелистер од Битола започна успешно новата сезона во Лигата на шампионите, совладувајќи го поранешниот европски првак Загреб со резултат 25-23. Натпреварот, кој се одигра во спортската сала „Боро Чурлевски“, беше прв

Цела Куба без струја по петти пат за една година

Уште еден општ прекин на електричната енергија ја погоди Куба денес, петти за помалку од една година, доведувајќи ја економијата во застој и нарушувајќи го животот на нејзините жители. „Имаше целосен прекин

Ѓорѓиевски: Инвестиции и подобрување на инфраструктурата во Бутел

Вечерва Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, се сретна со жителите на Радишани, заедно со сегашниот градоначалник на Бутел Дарко Костовски и министерот Панче
Go toTop