„Гринпис“ ја повика ЕУ да ги забрани приватните авиони

January 13, 2023
1 min read

Богатите и моќните се собираат во Давос за да разговараат за климата и нееднаквоста. Во тој процес, тие го користат најштетното еколошко превозно средство во светот: приватниот авион, велат од „Гринпис“

Меѓународната еколошка организација „Гринпис“ повика на забрана за летови со приватни авиони кои емитуваат јаглерод. Повикот на „Гринпис“ доаѓа пред годишниот Светски економски форум во Давос, кој ја привлекува светската деловна и политичка елита.

ФОТО: „Гринпис“

Европската комисија треба да го отвори патот за ваква регулатива во сегашната ревизија на Регулативата за воздушниот сообраќај, наведува еколошката организација во новиот апел пред состанокот во Давос.

Кратките летови со приватни авиони се очекува повторно да се зголемат пред Светскиот економски форум во швајцарското планинско одморалиште следната недела.

Според студијата на консултантската компанија „ЦЕ Делфт“ нарачана од „Гринпис“, 1 040 приватни авиони слетале или полетале од седум аеродроми во близина на Давос за време на минатогодишниот собир.

„Богатите и моќните се собираат во Давос за да разговараат за климата и нееднаквоста. Во тој процес, тие го користат најштетното еколошко превозно средство во светот: приватниот авион“,

рече Клара Марија Шенк од „Гринпис“.

Светскиот економски форум тврди дека ја унапредува меѓународната климатска политика. Освен многубројните настани на таа тема, годишната конференција треба да биде и климатско неутрална.

Затоа Форумот им препорачува на своите учесници да патуваат со воз и ги советува да избегнуваат кратки летови.

Од 2017 година, форумот секоја година ги компензира своите емисии и има политика за одржливост која поттикнува употреба на електрични возила, сезонски прехранбени производи и рециклирање.

Употребата на приватни авиони од страна на корпоративните шефови е повторно под лупа во последниве години, благодарение на профилите на Твитер кои ги следат летовите на авионите за кои се знае дека ги користат високи раководители.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Стефан кој беше застрелан на Божиќ излезе од болница: Семејството и пријателите го пречекаа со солзи и прегратки

Следно

Кристерсон: Украина е најважен приоритет и егзистенцијално прашање за ЕУ

Latest from Blog

Орландо Блум прв пат јавно проговори за раскинувањето со Кети Пери, откри какви им се односите (ВИДЕО)

Додека беше гостин во шоуто „Тудеј“, 48-годишниот актер истакна дека е благодарен за сè и дека тој и Пери секогаш ќе бидат поврзани поради нивната петгодишна ќерка, Дејзи. Додека го промовираше „The

Птица снесе јајце во центар на теренот- ќе нема натпревари цел месец (ВИДЕО)

Фудбалерите кои пристигнаа на натпревар во регионалниот спортски комплекс Џерабомбера минатиот викенд беа пренасочени кон друг терен откако птицата лишка положи јајце во централниот круг, објави Дејли Меил. „Лишка положи јајце на синтетичкиот фудбалски

СИТЕ ТРЕБА ДА БИДАТ УБИЕНИ, повикува блокадерка на масакр на полицајци во Нови Сад (ВИДЕО)

За време на вклучувањето на Жаклина Таталовиќ на Н1, во етерот се емитуваше вистинската слика и изјава од блокадерка, која вреска дека сите полицајци треба да бидат убиени. Таталовиќка ѝ се приближува

ФОТО: Овие бои ќе ја одбележат есента 2025 година

Модните трендови за есента 2025 година носат палета која комбинира топлина, елеганција и младешка свежина. Боите што ќе ја одбележат сезоната го најавуваат враќањето на луксузните земјени тонови, нежните пастелни нијанси и
Go toTop