Српскиот министер за одбрана негира оти Србија ѝ испраќала оружје на Украина

April 12, 2023
1 min read

Изјавата на министерот Милош Вучевиќ следува откако новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на протечените документи на Пентагон, објави дека Србија се согласила да испорача оружје во Киев или веќе го испорачала

Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ изјави дека Србија ниту продавала, ниту ќе продава оружје на украинската или руската страна, ниту, пак, на земјите кои на некој начин се вклучени во овој конфликт.

Изјавата на Вучевиќ следува откако новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на протечените документи на Пентагон, објави дека Србија се согласила да испорача оружје во Киев или веќе го испорачала.

„Нечија цел е очигледно да ја дестабилизира нашата земја и да ја вовлече во конфликт во кој нема да учествуваме. Ние постојано се држиме до нашата воспоставена политика“,

рече српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ.

Милош Вучевиќ, министер за одбрана на Србија

Вучевиќ додаде дека по којзнае кој пат е објавена лагата оти Србија ѝ продава оружје на Украина.

„Ние ги негиравме тие невистини повеќе од десет пати, и еве нè, ​​ќе го повториме тоа. Србија нема, ниту ќе продава оружје на украинската или руската страна, ниту на земјите што го опкружуваат тој конфликт. Сè што е објавено на таа тема се невистинити шпекулации“,

рече Вучевиќ.

Протечениот документ на Пентагон со наслов „Европа – Одговор на тековниот руско-украински конфликт“, како што објави Ројтерс, е во форма на графикон во кој се резимирани позициите на 38 европски влади и нивниот одговор во врска со барањата на Украина за воена помош.

„Табелата покажа дека Србија одбила да обезбеди обука за украинските сили, но ветила дека ќе испрати воена помош или веќе ја доставила. Исто така, се вели дека Србија има политичка волја и воена способност во иднина да ѝ обезбедува оружје на Украина“,

објави Ројтерс.

Новинската агенција додаде дека документот ја носи ознаката „доверливо“ и НОФОРН – ознака со која се забранува негова дистрибуција на странски разузнавачки служби и војски. 

MARKETING

MARKETING

Претходно

Обвинителство: Се преземаат мерки за расчистување на случајот со починатото дете кое беше нападнато од куче

Следно

Видео: Децата од градинката „Синоличка“ го изненадија градоначалникот Ѓорѓиевски

Latest from Blog

Ново одложување на санкциите за НИС

Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека санкциите против Српската нафтена индустрија (НИС) се повторно одложени, овој пат до 27 јуни. -Добри вести за граѓаните на Србија. Србија успеа да добие ново одложување

Погребан папата Франциск

Со црковни песни, длабоки емоции и солзи, илјадници верници, граѓани и светски лидери му оддадоа последна почит на духовниот водач на Римокатоличката црква. Погребната церемонија започна утрово во 10 часот на плоштадот

Селтик фудбалски шампион на Шкотска

Шампионската трка во шкотското фудбалско првенство денеска официјално заврши, откако Селтик извојува гостинска победа од 5-0 над Данди јунјатед и стекна недостижна предност пред второпласираниот Глазгов. Селтик има 84 бодови, 18 повеќе

Истрагата за првата антикорупционерка – Андоновски: Не е нарушен кредибилитетот на останатите членови на ДКСК

Власта ветува дека нема да ја искористи истрагата на обвинителството против се уште актуелната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска, за да ја блокира работата на оваа институција
Go toTop