Четири цивили загинаа во напад на сепаратистите во Камерун

April 12, 2023
1 min read

ЈАУНДЕ (АА) – Четири цивили ги загубија животите во нападот на сепаратистите во англофонскиот регион на Камерун, известува Анадолу.

Според вестите објавени во националните медиуми, англофонските сепаратисти го нападнале пазарот во градот Фундонг во регионот Северозапад.

Сепаратистите пукале врз народот на пазарот, убивајќи притоа 4 цивили.

– Англофонска криза во Камерун

Како одговор на владиното назначување наставници и судии од неанглиско говорно подрачје во училиштата и судовите во англофонските региони Јужен и Северозапад од земјата, избувнаа демонстрации во последните месеци од 2016 година, создавајќи англофонската криза во Камерун.

Сепаратистичките групи објавија дека основале симболична држава наречена „Амбазонија“ на 1 октомври 2017 година, на годишнината од транзицијата на земјата кон федерализам во 1961 година, и го прогласиле англискиот јазик за официјален јазик.

Според последните податоци, за време на англофонската криза најмалку 6.000 луѓе ги загубија животите во судирите меѓу Армијата и сепаратистите, при што 800.000 луѓе се раселени, а 40.000 луѓе биле принудени да се засолнат во соседните земји.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Осумгодишно дете почина по напад од домашно куче

Следно

Шалтерите за наплата на вода ќе работат само в петок

Latest from Blog

Победа со пресврт на “Панцерите“: Ундав е херојот на Германците!(ВИДЕО)

ФОТО:facebook.com/fifaworldcup/ Германија – Брегот на Слоновата Коска 2:1.Ова е исходот од мечот од 2.коло во групата Е. „Слоновите“ поведоа со голот на Кеси во 31.минута, додека Германците израмнија со голот на Ундав

Најмалку пет лица се убиени во израелски напади во појасот Газа, меѓу кои и дете

Во израелскиот воздушен напад загинаа четворица Палестинци, вклучувајќи две жени и едно дете, кои беа пронајдени во станбена зграда во градот Газа, соопшти истиот извор. Во напад врз зграда во населбата Сабра

Драма кај Португалците: Соиграчите го бојкотираат Роналдо?! Тој остави порака на Инстаграм!(ФОТО)

фото: Actu Foot @ActuFoot_ (X) И тоа какви проблеми и драми во таборот на Португалците. Кристијано Роналдо се огласи на социјалните мрежи откако беше критикуван по првиот натпревар на Португалија на Светското
Go toTop