Неизвесност на Волстрит пред извештајот за инфлацијата

April 11, 2023
1 min read

На самиот почеток на вчерашното тргување овие индекси паднаа бидејќи во петокот беше објавен извештај според кој бројот на вработени во САД е зголемен за 236 000, значително помалку од еден месец претходно. Стапката на невработеност, пак, падна од 3,6 на 3,5 отсто, додека растот на платите забави втор месец по ред

На Волстрит, Dow Jones и S&P 500 благо пораснаа во понеделникот, по многу нестабилното тргување, бидејќи инвеститорите не беа сигурни дали американската централна банка ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки или ќе го запре процесот. Dow Jones зајакна 0,30 отсто, на 33 586 поени, додека S&P 500 порасна за 0,10 отсто, на 4 109 поени. Индексот Nasdaq ослабе, пак, за 0,03 отсто, на 12 084 поени.

На самиот почеток на вчерашното тргување овие индекси паднаа бидејќи во петокот беше објавен извештај според кој бројот на вработени во САД е зголемен за 236 000, значително помалку од еден месец претходно. Стапката на невработеност, пак, падна од 3,6 на 3,5 отсто, додека растот на платите забави втор месец по ред.

Иако податоците беа во согласност со очекувањата на аналитичарите и покажаа дека затегнувањето на монетарната политика од страна на ФЕД дава резултати, инвеститорите стравуваат дека не е доволно централната банка да го прекине циклусот на зголемување на каматите.

Затоа, на пазарот на пари сега проценува дека има 74 отсто шанси ФЕД да ги зголеми клучните каматни стапки за дополнителни 0,25 процентни поени на состанокот во мај, додека пред извештајот за работните места, шансите беа околу 49 отсто. Сепак, пазарот вчера се смири, а индексите ги вратија почетните загуби, при што Dow Jones и S&P 500 ја завршија сесијата со позитивна нота.

„Тоа беше ден без јасна насока на пазарот. Инвеститорите се уште веруваат дека ФЕД ќе ги зголеми каматните стапки за 0,25 процентни поени во мај, што го зголемува ризикот од рецесија. Покрај тоа, инвеститорите се нервозни пред извештајот за потрошувачките и производствените цени“,

вели Сем Стовал, стратег во CFRA Research.

Извештајот за потрошувачките цени во САД ќе биде објавен во четврток, а за производствените во петок. Тие извештаи ќе им дадат на инвеститорите поцелосна слика за забавувањето на инфлацијата во март.

И оваа недела започнува сезоната на објавување квартални деловни резултати на компаниите. Во петок, големите три банки – Citigroup, JPMorgan Chase и WellsFargo – ќе објават извештаи, кои би можеле да дадат појасна слика за ситуацијата во секторот, по колапсот на неколку регионални банки во март.

Според најновите проценки на аналитичарите во истражувањето на Ројтерс, заработката на компаниите од индексот S&P 500 во првиот квартал ќе биде за 5,2 отсто помала во однос на истиот квартал лани, додека на почетокот на кварталот очекувале заработката да расте за 1,4 отсто.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Реал Мадрид тргна по Дани Олмо

Следно

Бен Чилвел го продолжи договорот со Челси до 2027 година

Latest from Blog

Меџити: Над 6 милиони денари за стабилно водоснабдување во Чаир

Скопје, 2025 – Првиот-вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити, кој е и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, денеска ги посети градежните активности на улицата „Бајрам Шабани“ во Гази Баба,

Комерцијална банка и Алкалоид со доминантен удел во дневниот промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На денешната сесија на Македонската берза беше остварен вкупен промет од 13.930.597 денари, реализиран преку 71 трансакција и

Божиновска: За првпат годишен план за изградба на енергетски капацитети

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини започнува практичната примена на Законот за енергетика и воведување на транспарентен, јасен и предвидлив процес на планирање на развојот на енергетскиот систем во Република Македонија. За

Двајца Грци извршиле 13 кражби од туристички објекти и туристи на Халкидики во текот на летото

Од грчката полиција соопштија дека по темелна истрага на полициската станица Касандра, беа расветлени вкупно 13 кражби во различни делови на Халкидики. Уапсениот бил откриен додека управувал возило што со неговиот соучесникот

Ристовски: Самитот „Скопје 2025“ ја потврдува важноста на спортот во создавање просперитетно и современо општество

Скопје, 10 септември 2025 – Регионалниот спортски самит „Скопје 2025“ денеска ја истакна улогата на спортот како клучен фактор за здраво, современо и просперитетно општество. Настанот, под покровителство на Министерството за спорт
Go toTop