НЕМА ДА ЈА УЗУРПИРАМЕ ФИЛХАРМОНИЈАТА, ЌЕ ВЕЖБАМЕ И СВИРИМЕ КОГА ТАМУ НЕМА КОНЦЕРТИ, ВЕЛИ ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЏЕЗ МУЗИЧАРИ

April 10, 2023
1 min read

Погрешно е претставен целиот концепт за нашето евентуално работење во зградата на Филхармонија, па оттаму произлегуваат и сите неосновани реакции, реагира денеска Здружението на џез музичари и слободни уметници (ЗЏМ). Здружението повторно  реагира откако на 31 март, 108 вработени од Филхармонијата, меѓу кои и директорката Тина Иванова, потпишаа петиција со која не се согласуваат со владината одлука за вдомување на новоформираната национална институција Оркестар за џез музика во објектот на Филхармонијата.

Во петицијата потенцираа дека ја поздравуваат одлуката на Владата, не се против колегите, но сметаат дека решението оваа новоформирана институција да биде сместена во објектот на Филхармонијата е целосно несоодветно и ќе направи повеќе штета отколку полза. Тие сметаат дека не е возможно паралелно да работат две институции, односно два различни субјекти.

„Нашата индивидуална соработка со членовите на Филхармонија е многу подолга, но со Биг бендот, конкретно во овие простории, ние работиме веќе 7 години и во овој период не сме наишле на проблеми од било каква природа. За време на припремите и пробите никогаш не добивме забелешки дека овие активности на било каков начин ја попречуваат работата на Филхармонија. Напротив, пробите се правеа тогаш кога во просториите, поточно во една просторија, немаше други активности од оркестарот и ансамблите на Филхармонија, или не беа користени за друг тип приватни настани. Имено, во неформални разговори со колеги и пријатели од Филхармонија, доаѓаме до сознанија дека можеби целиот концепт за нашето евентуално работење во зградата на Филхармонија е погрешно претставен, па оттаму произлегуваат и сите неосновани реакции. Тврдењата дека Оркестарот за џез музика брои 50-60 музичари се потполно погрешни. Секој џез биг бенд ансамбл е составен од 17 – 20 музичари. Тврдењето дека на музичарите од Филхармонија ќе им бидат узурпирани гримиорните е исто така неосновано. Можеме да гарантираме дека ова никогаш не било земено во предвид, ниту пак некогаш ќе се случи. Погрешно е и тврдењето дека ќе узурпираме простор во веќе постоечкиот дел на административниот дел на зградата, затоа што тоа е невозможно да се случи и би ја попречило и нашата работа. Одржувањето на пробите во зградата би се реализирало исклучиво во малата или големата сала, во термините кога овие простории се слободни. Концертите исто така би се случувале во денови кога Филхармонијата нема програма“, стои меѓудругото во нивното соопштение.

Од Министерството за култура велат дека е донесена одлука за формирање на Оркестар за џез музика и во постапка е нејзиното правно формализирање. Начелно, објектот на Филхармонијата како најсродна институција до новоформираниот оркестар е предложен за користење до конечното формирање на установата.

„Очекуваме колегите од двата оркестра да покажат меѓусебно разбирање во оваа првична фаза за новата установа која со својата дејност веќе ја збогатува македонската музичка култура, до конечното решение за нејзините потреби во делот на непречено административно и концертно дејствување“, вели Министерството за култура.

Б. НЕСТОРОСКА

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Жиру блиску до продолжување на договорот со Милан

Следно

Македонско археолошко друштво: Господа пратеници, дали уништување на културно наследство е нашиот пат пат за ЕУ?

Latest from Blog

Коњановски: Новата шампионска приказна ја пишуваме заедно со навивачите

Денеска, на платото пред спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, се одржа фан-зоната пред натпреварот Еурофарм Пелистер – Загреб, која собра голем број навивачи и симпатизери на тимот. Настанот започна во 18:45

Во Србија пензискиот фонд објави јавна набавка на систем за апликации што ќе користи ВИ

Српскиот фонд за пензиско и инвалидско осигурување (ПИО) ќе користи вештачка интелигенција за масовна обработка на документи и други задачи, што треба да им обезбеди на корисниците на услугите и вработените во

Кристијан Ериксен се договори со Волфсбург

фото: Florian Plettenberg (X) Данскиот репрезентативец и бивш фудбалер на Манчестер Јунајтед, Кристијан Ериксен конечно си најде нов клуб. 33-годишниот данец ќе стане нов фудбалер на Волфсбург. Откако ја прекина соработката со

Поплави на Бали, девет лица загинаа

Поплавите на индонезискиот остров Бали одзедоа најмалку девет животи оваа недела, блокирајќи ги главните патишта во главниот град и нарушувајќи го животот во прометната туристичка дестинација, соопштија денес официјални лица. Обилните дождови
Go toTop